ВМРО-ДПМНЕ смета дека нови предвремени парламентарни избори се решение за излез од политичката криза во која СДСМ по изборите повторно ја втурна државата.– Зоран Заев во обид да се спаси себе си и својата криминална дружина кои се потонати до гуша во криминал е спремен во целост да ја реализира Тиранската Платформа и со тоа да ја редефинира Република Македонија, стои во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Дополнително секој ден, како што се наведува во соопштението, гледаме како полицијата апси трговци со дрога, лица кои се дел од неговото потесно опкружување и со кои тој работел во кампања. – Затоа Зоран Заев е избезумен и е спремен на се само да дојде до власт во надеж дека така ќе се спаси од криминален прогон. За да се спаси себе и екипата околу себе, Заев ја прифати Тиранската Платформа, која во целост е неуставна. Со неа се пропишува целосна двојазичност и промена на името по грчки терк, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тиранската Платформа, како што истакнуваат од партијата, го загрозува и поништува мултиетничкиот и унитарен карактер на државата, а со нејзина реализација Заев го прави првиот чекор кон федерализација на Република Македонија што ќе значи дефинитивен нејзин распад.
– Затоа за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлива ваквата Тиранска Платформа и ја отфрли уште во текот на преговори. За ВМРО-ДПМНЕ ова е дрзок и подмолен обид да се изврши притисок врз Република Македонија за промена на името спакуван во уцена преку Тирана, истакнуваат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.– Зоран Заев во обид да се спаси себе си и својата криминална дружина кои се потонати до гуша во криминал е спремен во целост да ја реализира