Кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги против две лица од Скопје поднесе единицата за недозволена трговија со дрога до надлежното Основно јавно обвинителство.Како што соопшти денеска МВР, станува збор лицата С.Т. (44) и Ѓ.Г. (30) од Скопје, на кои од страна на Судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена на С.Т. и притвор во траење од осум дена на Ѓ.Г.
Полицијата на 11. март, по претходно добиени сознанија и со наредба од Судија, извршиле претрес во куќата на девојката на С.Т., каде пријавениот привремено престојува, при што биле пронајдени и одземени 223,79 грама исушена марихуана и семки од марихуана спакувани во три најлонски кеси, 8,43 милилитри масло од хашиш, како и две ваги со остатоци од марихуана.
Пријавениот, како што информира МВР е познат дилер на наркотични дроги, а дрогата ја набавил во текот на овој месец од засега непознати лица, ја препакувал и почнал да ја продава на уживатели од Скопје.
На 20-ти овој месец, по претходно добиени сознанија и наредба од Судија, извршен е претрес во домот и другите простории на Ѓ.Г., при што се пронајдени 12 полиетиленски кесички за улична продажба, четири поголеми кесички, три тегли и една кутија од цигари во која имало наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 598,28 грама, три зипер кесички во кои имало растителни семки со вкупна нето маса од 2,70 грама, како и дигитална вага на која се пронајдени остатоци од различни опојни дроги. Како што информира МВР, пријавениот Ѓ.Г. во текот на овој месец, од засега непознато лице, ја набавил дрогата и ја препакувал во помали пакувања со намера улично да ја продава на уживатели од Скопје.Како што соопшти денеска МВР, станува збор лицата С.Т. (44) и Ѓ.Г. (30) од Скопје, на кои од страна на Судија на претходна постапка им е одредена м