Највлијателниот американски аналитички портал на Фондацијата Херитиџ, „Daily Signal“ кој е близок до Републиканската партија, претседателот Доналд Трамп и Државниот Секретар Рекс Тилерсон објави анализа за борбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Џорџ Сорос, потенцирајќи дека Македонија одамна се бори против влијанието на унгарско-американскиот милијардер.Сорос и Американската Амбасада во Македонија даваат поддршка на партии кои се ривали на ВМРО-ДПМНЕ, која не е совршена како и сите партии во светот, но е про-американска и про-НАТО, пишува Daily Signal, додавајќи дека Сорос шири радикализам во земјите ширум светот.
Во анализата на Мајк Гонзалес, кој е дел од Фондацијата Херитиџ, се напоменува дека во борбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и унгарско-американскиот милијардер Џорџ Сорос, сите одбираат страна по правилото „Непријателот на мојот непријател е мој пријател“.
-Ова сепак, е начинот на кој многу луѓе инсистираат на реагирање кон Џорџ Сорос и рускиот претседател Владимир Путин, двајца моќници кои во моментов се борат за контрола на светот. Можете да одберете страна или со едниот или со другиот. Или, ако нападнете еден од нив, тоа е затоа што сте во сојуз со другиот, се вели во анализата на Daily Signal.
Во текстот се потсетува дека шест американски сенатори пратија писмо до американскиот Државен Секретар, Рекс Тилерсон, барајќи од него истрага за извештаите на неколку држави дека Соросовата Фондација „Отворено општество“ поддржува прогресивна левичарска агенда.
Цитирајќи го американски Политико, авторот на текстот, Мајк Гонзалес вели дека Кремљ гледа како Сорос го финансира цивилното општество во поранешните Советски држави, со цел да инсталира прозападни влади.
-Сорос се засфрла со пари и тоа може да си го дозволи, бидејќи Форбс објави дека тој е 22 најбогат човек во светот со 25 милијарди долари, пишува Daily Signal.Сорос и Американската Амбасада во Македонија даваат поддршка на партии кои се ривали на ВМРО-ДПМНЕ, која не е совршена како и сите партии во светот