ФОТО: Над 10.000 охриѓани на улиците ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

Во Охрид и попладнево се одржа масовен марш низ улиците на градот, како дел од собирите што се организираат низ земјата во рамки на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.Учесниците на протестот ја изразија својата решеност да истраат во напорите за, како што велат, зачувување на унитарноста на државата, одбрана на Уставот на Македонија и суштината на вредностите на општеството.
– Тука сме и денеска  заедно со сите вас, пред се, заради љубовта кон нашата татковина, Република Македонија. Цел живот како полициски службеник сум бил, а сега како пензионер сум повторно на браникот на унитарна, самостојна и независна Македонија, Тони Филипов.
Ѓуро Јовчески, од своја страна ја нагласи пораката од маршот, дека учесниците немаат намера некого да навредат, туку дека се единствено против навредливи платформи креирани надвор од земјата.
– Одовде порачуваме дека го отфрламе навредливото решение на тиранската платформа, со сите членови и акти во неа за разнебитување на Македонија, рече тој.
Гордана Маркоска рече дека туке са дава поддршка за живот на сите граѓани во Република Македонија.
– Јас бев дел од шарената револуција, но сега се срамам од тоа заради тоа што сите ние заедно бевме за подобар живот, а тие буквално ни наметнаа тиранска платоформа. Секогаш останувам со мојот народ, Македонија да остане унитарна, со едно знаме, еден грб, со еднакви права за сите граѓани, рече таа.
Протестот почна во 17 часот на плоштадот наспроти Охридската гимназија, за потоа учесниците да тргнат низ улиците во централното градско јадро, се до главниот плоштад „Свети Климент Охридски“.Учесниците на протестот ја изразија својата решеност да истраат во напорите за, како што велат, зачувување на унитарноста на државата, одбрана на У

Пронајдете не на следниве мрежи: