ВМРО-ДПМНЕ има целосно разбирање за волјата на граѓаните и затоа не гласаше против одлуката за запирање на изградба на улицата на Кејот „13 Ноември“. Единствено ВМРО-ДПМНЕ бара општина Центар своите одлуки да ги носи согласно со законските прописи во државата, велат од партијата.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ бара и СДСМ да има разбирање за волјата на граѓаните и да отстапи од Тиранската Платформа.
Иднината на Република Македонија е сериозно загрозена од елементите содржани во Тиранската Платформа, кои водат кон редефинирање на Македонија и нејзино претворање од унитарна и мултиетничка држава, во бинационална држава со тенденција за федерализација.
Ако улицата во општина Центар е од големо значење за граѓаните, одбивањето на Тиранската Платформа е од суштинско значење за целиот народ и држава. Очекуваме СДСМ да се одважи и јасно и гласно да ја одбие во целост.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ бара и СДСМ да има разбирање за волјата на