среда, 25 ноември 2026
Најново

Костов: Хан и европратениците ќе вршат невиден притисок врз претседателот Иванов

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Аналитичарот Сотир Костов смета дека комесарот Јоханес Хан доаѓа за да изврши притисок врз претседателот Иванов за да ја смени одлуката и да му го даде мандатот на Зоран Заев.– Очекувам дека господинот Хан и тројцата европратеници ќе вршат невиден притисок врз претседателот Иванов, врз ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски во смисла, првиот да ја смени одлуката за недавање мандат на Зоран Заев, а вториот како победник да прифати други да владеат во РМ, поточно, три албански политички партии и една албанизирана политичка партија СДСМ, вели Костов. Но, тој е сигурен дека граѓаните на Република Македонија тоа нема да го дозволат.

– Дојде време кога тие суверенитетот ќе го земат во свои раце и ќе го одбранат Уставот на Република Македонија со се што е внатре напишано, во смисла на унитарност, мултикултурност, а не бинационалност, билингвалност и давање на специјален статус на албанскиот јазик и онеправдување на Турците, Бошњаците, Србите, Ромите, Власите и Македонците, појаснува Костов.
За него, пресврт би било прифаќањето на Јоханес Хан да се сретне со идејните творци на граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија# Борис Дамоски, Богдан Илиески, Игор Дурловски и 150 до 200 илјади граѓани кои стојат зад нив и кои секојдневно маршираат по улиците на градовите низ Република Македонија.
– Е, во тој случај ќе знаеме дека господинот Хан и европратениците ги ценат граѓаните на Република Македонија. Сето друго е лицемерие. Можеби, ќе беше поинаку доколку тие од Брисел претходно порачаа дека одлучно се спротивставуваат на мешањето на Тирана и Приштина, односно на Еди Рама и Хашим Тачи и одредени пратеници во нивните собранија, во внатрешните работи на Република Македонија, дека тоа не само што не е добрососедски гест, туку и дека е надвор од сите принципи и правила на меѓународната дипломатија, изјави Костов.
– Очекувам дека господинот Хан и тројцата европратеници ќе вршат невиден притисок врз претседателот Иванов, врз ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски

Поврзани вести