Граѓаните на Македонија не сакаат дестабилизација, туку само почитување на нивната волја и јасна визија за мир и развој во регионот, истакнал денеска македонскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Никола Попоски при учеството на седницата на Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во Виена, соопшти МНР.На состанокот Попоски одговарал на прашања од земјите членки на ОБСЕ поврзани со изгледите за надминување на политичката криза во државава, надворешното влијание, ризиците за нестабилност во регионот и изгледите за интеграција во ЕУ.
– Веруваме дека може да се врати дијалогот во институциите. Најдобар гарант за тоа да се случи се граѓаните на Македонија. Тие не сакаат дестабилизација, туку само почитување на нивната волја и јасна визија за мир и развој во регионот. Успеавме да направиме поголем број реформи како предуслов и спроведовме фер избори. Малкумина веруваа дека ќе надминеме се по патот. На крајот, потребна ни е само уште јасна иднина во ЕУ, истакнал ПопоскиНа состанокот Попоски одговарал на прашања од земјите членки на ОБСЕ поврзани со изгледите за надминување на политичката криза во државава, надворе