Ова е селективен упад во време кога се случуваат протести на улица, во време кога Македонија не дава да биде испланирана во Тирана, а спроведена во Скопје, и во време кога е се поизвесно дека Зоран Заев нема да има Влада, барем не функционална. СЈО е тука да одработи, да заплаши медиуми и да ги натера во иднина да бидат формирани, како што рече Заев, според проект на фондацијата Сорос и неговиот невладин сектор. Тешко дека тоа ќе го прифатат медиумите и јавноста, смета професорот и уредник на ТВ Сител, Драган Павловиќ Латас.-Постојат повеќе од 200 фирми кои работеле на проекти на Владата, од тие 200 фирми се прави упад само во медиумите. Имате ситуација во која со Владата соработувале 200 фирми, а апсите еден човек кој случајно или намерно има медиум. СЈО ништо не работи случајно. Можевме да видиме во денешното излагање на Заев дека има намера да ги уништи медииумите, да направи реформи што ќе ги состави Сорос. Замислете какви медиуми ќе има во Македонија. Нема да имаме медиуми, ќе имаме медиуми што ќе известуваат за Сорос, рече Латас.
Додаде дека Сеад Кочан во моментов е актуелен бидејќи на ТВ НОВА добро и оди, а да не беше така никој немаше ни да го спомене. Според него со овој случај се прави обид јавноста да се дефокусира од реалните проблеми.
Во однос на обидот на СДСМ да состави Влада, Латас смета дека Заев не може да успее во намерата бидејќи таква Влада нема да биде прифатена во јавноста.
-Влада не направија, бидејќи Владата не е прифатена во јавноста. Не можете да направите албанска Влада и да ја наметнете на мнозинството граѓани кои се Македонци, рече Латас.
Во прилог целиот разговор.-Постојат повеќе од 200 фирми кои работеле на проекти на Владата, од тие 200 фирми се прави упад само во медиумите. Имате ситуација во која со Влад