Актуелната политичка состојба и соработката со ОБСЕ теми на средбата на Попоски со Заниер

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски, денеска оствари средба со Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер.Како што информираат од МНР на средбата биле разменети мислења за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, како и за севкупната соработка на Македонија со ОБСЕ. Попоски ја потенцираше корисноста од поддршката на Организацијата која е посветена на изборни реформи, интеграција преку образованието и процесот за интегрирање на Република Македонија во ЕУ. Соговорниците размениле и мислења за најактуелните прашања на политички план, во постизборниот период.
– Министерот Попоски ja истакна и важноста на регионалната соработка меѓу државите од Балканот согласно најдобрите практики и стандарди прифатени во ОБСЕ. Во тој контекст, го посочи неодамнешниот министерски состанок на земјите од Балканот што цели кон „заеднички пристап за побрз влез во ЕУ“, како и договорениот неформален систем за координирање и усогласување на активностите на групата држави во Регионот, што се стремат кон членство во ЕУ, се истакнува во соопштението.Како што информираат од МНР на средбата биле разменети мислења за актуелната политичка ситуација во Републ

Пронајдете не на следниве мрежи: