Повиците на меѓународниот фактор не допираат до претседателот Ѓорѓе Иванов. Шефот на македонската држава е цврсто решен да остане на браникот на татковината и нема намера да попушти без разлика колкав ќе биде притисокот на странските претставници. Вака аналитичарите го коментираат развојот на настаните по одлуката на Иванов да не доделува мандат за реализација на туѓа платформа во Македонија.Речи си и да нема амбасадор и висок меѓународен претставник кој не побара од Претседателот да му го даде мандатот на Заев за да може да се реализира платформата на Еди Рама, но за Иванов тоа воопшто не е причина, тој да ја менува одлуката.
Поседна во низата пораки беше онаа на заменик помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Хојт Ји кој смета дека немало друг начин за излез од кризата освен мандатот да му биде доделен на Заев
– Искрено се надеваме дека македонскиот претседател ќе им овозможи на пратениците кои изразија желба за тоа и на партиите што тие ги претставуваат да формира влада што е можно поскоро, бидејќи на Македонија и треба влада која ќе ги продолжи и ќе ги доврши почнатите процеси во рамки на претпристапниот процес на Европската Унија – изјави Ји.
Но за аналитичарите, тезата на Ји дека нема друг начин за излез од кризата е сосема погрешна. Според нив, јасно е дека предвремените избори исто така се пат кој може да ја одведе Македонија надвор од кризата и сметаат дека тоа намерно се заобиколува бидејќи и СДСМ и ДУИ знаат дека ново изборно соочување ќе даде вистинска слика за расположението на граѓаните. Според нив, Македонците јасно се изјаснија против платформата на Еди Рама, а кај Албанците, повеќе од јасно е дека ДУИ е веќе партија од минатото.Речи си и да нема амбасадор и висок меѓународен претставник кој не побара од Претседателот да му го даде мандатот на Заев за да може да се реализир