Македонскиот јазик е нашата единствена и вистинска татковина. Затоа не за двојазичност, не за втор службен јазик, службен јазик на оваа држава е Македонскиот јазик и името на оваа држава е Македонија, кажа Васил Зафирчев пред насобраните граѓани пред Собранието на Македонија„Драги мои сограѓани, богољуби, почитувани граѓани на Република Македонија, драг мој Македонски народе, јазикот е наш долг и наше право, ние мораме да го чуваме затоа што е наш, како што е наша и татковината. Народ без јазик е налик на човек без пат, кој не знае кој е од каде е и каде оди, напиша пред повеќе од 100 години големиот Македонец Крсте Петков Мисирков. И после речиси повеќе од век и половина, во 21 век, во современа Европа, во современа Македонија, ние повторно се соочуваме со предизвикот да го сочуваме јазикот, да го сочуваме името наше Македонско, да ја сочуваме државата таква каква што ја имаме, таква каква што ја сакаме, една единствена, унитарна и суверена, рече Зафирчев.
Тој нагласи дека за да го сочуваме името наше Македонско и нашиот културен идентитет, ние најпрво мора да го сочуваме јазикот, оти јазикот е душата на овој народ, јазикот наш македонски е мислата на овој народ, тоа се чувствата на овој народ, тој е срцето на нашиот идентитет, тоа е нашиот дом и дом на сите Македонци ширум светот.
-Македонскиот јазик е нашата единствена и вистинска татковина. Затоа не за двојазичност, не за втор службен јазик, службен јазик на оваа држава е Македонскиот јазик и името на оваа држава е Македонија. Двојазичноста драги мои сограѓани не е ништо друго туку вовед во двонационалност, а двонационалноста сукцесивно и на долг рок води кон територијално редифинирање и поделба на државата, а поделената држава веќе нама да биде Македонија како што денес ја имаме и нема да се вика Македонија, каква што денес ја сакаме. Затоа не за срамните Платформи иницирани и донесени надвор од оваа територија, таа Платформа не е резултат на соживотот и дијалогот меѓу Македонците и Албанците, таа Платформа не беше ниту дел од изборната програма на партиите за кои што народот гласаше на последните парламентарни избори, таа Платформа значи само едно, тајни преговори и лицитирање со националните и државните интереси, меѓу кои и јазикот и името се суштински и еклатантно важен дел, рече Зафирчев.
Ова што ни се случува, порача Зафирчев, не е ништо друго, туку грубо и брутално мешање во внатрешната работа на државата.
-Ова не води никаде, освен во уривање на темелните вредности на уставниот поредок на државата, унитарниот карактер на државата, а со тоа на нејзиниот суверенитет и интегритет. Ќе завршам со уште една мисла од еден голем Македонец, Петре М. Андреевски, кој напиша: Стравот е страшен само за оние кои му се плашат, а ние драги Македонци, ќе го имаме името Македонско додека го имаме јазикот Македонски, немаме од што да се плашиме. Ова е народ, мирен народ, добар народ, трпелив народ и ве молам драги мои сограѓани, овие мигови бараат да бидеме заедно, сплотени во одбрана на она што е наше и што ни припаѓа, да живее Република Македонија, да живее Македонија една, единствена, унитарна и суверена, тоа нека биде вечна поука и вечна порака за нас и за сите идни генерации, заврши Васил Зафирчев.„Драги мои сограѓани, богољуби, почитувани граѓани на Република Македонија, драг мој Македонски народе, јазикот е наш долг и наше право, ние