Македонската химна ечеше пред Собранието испеана од грлата на околу 15 илјади Македонци на маршот организиран од Граѓанската иницијатива За Заедничка Македонија.Голем број јавни личности дадоа поддршка на Маршот кој започна од пред Владата на Републка Македонија, продолжи кон канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов и заврши пред Собранието на РМ.
Во прогласот, се бара ниту една политичка партија да не прифаќа платформи создадени за туѓи интереси, во туѓи држави, без изборен легитимитет чија цел е разнебитување на Македонија каква што ја знаеме. Уставот на Република Македонија, како што стои во Прогласот, е јасен и прецизен во однос на многу прашања кои се однесуваат на македонскиот идентитет и од него не се остапува.
– Македонија има три Илиндени, 1903, 1944 и 1991 година. Дојде време да го обзнаниме четвртиот Илинден, рече Дурловски.
Од Здружението најавија дека протестот ќе продолжи и утре.Голем број јавни личности дадоа поддршка на Маршот кој започна од пред Владата на Републка Македонија, продолжи кон канцеларијата на претседат