Екс министерот и кандидат за претседател на СДСМ Љубомир Фрчковски го гостувањето во „Топ Тема“ на Телма истакна дека оваа година е потребен влез во НАТО и затоа мора нешто да се направи по прашањето за името.Со американските партнери ние мора нешто да направиме околу името и влез во НАТО оваа година. Нешто мора да се направи на тој план. Влез во НАТО ќе не дигне на едно ново ниво. Тука нешто мора да се направи, дали со решение за името, дали со ФИРОМ, како не знам, ама ќе има начин ќе има шанса, ќе се постави на маса тоа и треба таа шанса да ја грабнеме. Нас ни треба НАТО оваа година, вели Фрчковски.
Со ова Фрчковски практично го открива и вториот дел од планот на Зоран Заев кој покрај воведување на двојазичност и федерализација на Македонија, планира да го промени и името на државата.
Прашањето за името, односно неговата промена, се споменува и во Платформата на албанските партии потпишана во Тирана.
Интеграција во Европската Унија и НАТО се бара и во Платформата на албанските партии потпишана во Тирана, но без да биде прецизирано како Република Македонија би станала дел од Унијата. Прашањето за името односно неговото решавање, исто така се споменува во Платформата, при што се бара вклучување на Албанците во директните преговори во Грција.
-Усвојување заедничка и обврзувачка Резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името. Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција, стои во Платформата на албанските партии.
Со американските партнери ние мора нешто да направиме околу името и влез во НАТО оваа година. Нешто мора да се направи на тој план. Влез во НАТО ќе