СДСМ веќе две ипол години Македонија ја држи во заложништво. За СДСМ не се важни потребите на граѓаните, економскиот и стопанскиот раст и развој на државата. Единствено важно за СДСМ е како да дојдат на власт без поддршка на граѓаните, истакна на денешната прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.Како резултат на деструктивното однесување на СДСМ голем број на проекти кои беа ветени во програмата „Реално“ за која дадоа поддршка мнозинството на граѓани се закочени и не се спроведуваат.
Еден од тие проекти е и проектот „Рурални развојни зони“ кој веќе требаше да започне да се реализира и од него да имаат бенефит граѓаните.
Со проектот се предвидуваат даночни и други ослободувања, како и финансиска помош за лица кои сакаат да отворат бизнис во руралните подрачја во Република Македонија.
Целта на проектот е да се поттикне економскиот и општествениот развој во руралните средини, а со тоа да се придонесе и во насока кон спречување на миграцијата од село во град, преку креирање на нови работни места и зголемување на економската активност во руралните подрачја.
Преку овој проекти предвидени се следните мерки за поддршка на инвестиции во руралните зони: Ослободување од данокот на добивка за период од 10 години, ослободување од персоналниот данок на доход за вработените, за период од 10 години, ослободување од плаќање на социјални придонеси во висина од 50% за период од 10 години, ослободување од надомест за уредување на градежно земјиште, финансиска помош при изградба на нов објект во износ од 20% од вредноста на инвестициите, но најмногу до 500.000 евра по инвестиција и уште многу други мерки како помош за инвеститорите кои ќе отворат нови работни места.
Од овој проект директна корист ќе имаат повеќе од 1.600 населени места низ државата и голем број на граѓани, но поради СДСМ реализација на овој проект сеуште не може да започне.
Штетите кои што ги трпи Македонија поради деструктивното однесување и опструкциите на СДСМ се оромни и ненадомесливи.
ВМРО-ДПМНЕ и покрај се ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и растот и развојот на економијата како што тоа го правеше во изминатите десет години.
Спроведувањето на мерки, проекти и реформи останува главен фокус и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ.
За ВМРО-ДПМНЕ потребите на граѓаните се на прво место.Како резултат на деструктивното однесување на СДСМ голем број на проекти кои беа ветени во програмата „Реално“ за која дадоа поддршка м