Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски денеска имаа средба во врска со преземањето на списите и документацијата од предметот „Пуч“ од страна на Советот.По средбата Аневски рече дека пет обвинители од СЈО следната недела ќе се сретнат со членовите на Советот на јавни обвинители и ќе ги образложат причините за откажувањето на СЈО од случајот „Пуч“.
– Кратко се видовме и се договаравме околу начинот на преземање на предметот „Пуч“ од страна на Советот на јавни обвинители. Не цел предмет, туку оние работи кои нас ќе ни бидат потребни. Се договоривме идната недела да одржиме заедничка средба со обвинителите од ова јавно обвинителство, пет на број и членовите на Советот за да се договориме околу натамошните чекори за разјаснување на овој случај, изјави Аневски.
На прашањето кои делови од случајот „Пуч“ го интересираат Советот на јавни обвинители, Аневски одговори дека нив ги интересира целиот предмет, како и причините поради кои СЈО се откажале од гонење на обвинетите лица во тој предмет.
Јанева по средбата во Советот на јавните обвинители не даде изјава за медиумите.
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) минатиот месец се откажа од обвинителниот акт за „Пуч“, од причина што фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт била во спротивност со доказите со кои ова Јавно обвинителство располага и со наодите во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“.
Во „Пуч“, покрај лидерот на СДСМ Зоран Заев, обвинети беа и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, општинскиот службеник од Струмица, Бранко Палифров и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. Тие беа осомничени за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи.По средбата Аневски рече дека пет обвинители од СЈО следната недела ќе се сретнат со членовите на Советот на јавни обвинители и ќе ги образложат пр