ДУИ ќе го чека еден болен процес. Можеби ќе се саможртвува бидејќи локалните избори се многу клучни и ВМРО е многу појак на терен во западна Македонија, онаму каде што тие очекуваат градоначалници. До сега ВМРО ги прелеваше своите гласови кај ДУИ, сега тоа ќе го нема, вели Солза Грчева во гостувањето на емисијата на Васко Ефтов.ДУИ, додава таа, не може да победи на локалните избори без ВМРО и мислам дека локалните ќе бидат уште полоши од парламентарните. Факт е дека тие се врзани со ВМРО за успех на локалните избори.
Во општини како што се Тетово, Чаир, Студеничани, Липково евентуално Струга таму е битно да влезе некој од партијата БЕСА или некој друг кој е против кандидат на ДУИ во втор круг и ДУИ ќе ги губи тие избори. Тука е проблемот на ДУИ, ДУИ нема капацитет сам да ги добие тие избори. СДСМ со тие гласови кои му беа натоварени како контингенти не може да му помогне на ДУИ бидејќи станува збор за ист квантум на гласови само прераспределен. Проблемот на ДУИ е дека без гласовите на ВМРО не може да победи во Чаир, Теово, Гостивар, се надоврзува Васко Ефтов.
-Ако има коалиција меѓу СДСМ и ДУИ мислам дека ВМРО и БЕСА ќе победат на следните избори. Тоа е мојата теза оние кои нема сега да формираат влада ќе бидат победници на следните избори. ДУИ тоа го гледа но самиот се поставува во неможна ситуација, тие сами влегоа во лоша политичка разврска, вели Грчева.
-Заев или ќе се коцка до крај, кај него е карта во еден правец, исто и со Радмила може да се коцка заедно со Заев до крај. Кај ДУИ не е таква работа-нож до коса за да мора да се продава ваму или таму, но начинот на кој оди оваа политичка разврска ги прави најголем губитник, вели Ефтов.
-Тие се свесни и тоа го прават сами на себе. Мене не ми е многу јасна таа нивна логика, затоа што тие го гледаат растењето на БЕСА, заклучува Грчева.ДУИ, додава таа, не може да победи на локалните избори без ВМРО и мислам дека локалните ќе бидат уште полоши од парламентарните. Факт е дека