Пешаците страдаат во сообраќајот поради непочитувањето на правилата и прописите, ниската сообраќајна култура и лошите навики на однесување во сообраќајот, но и одговорноста на возачите за безбедноста на пешаците не е ништо помала, порачуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).– Наспроти сите сообраќајни правила и прописи и добри практики голем дел од пешаците се оснесуваат крајно неодговорно и на тој начин го загрозуваат сопствениот живот и безбедното одвивање на сообраќајот. Секојдневните примери покажуваат дека пешаците ја поминуваат улица на црвен пешачки семафор, надвор од пешачки премин без да погледнат лево и десно, се движат помеѓу двете коловозни ленти, го пресекуваат текот на сообраќајот кога и каде ним им одговара, непотребно се задржуваат на коловозот, користат мобилни телефони, слушат музика и не го следаат сообраќајот и случувањата во сообраќајот, велат од РСБСП.
Затоа, потсетуваат, дека улицата се преминува исклучиво на пешачки премин откако претходно пешакот ќе се увери дека возилата кои се движат по коловозот може безбедно да застанат.
– Во сообраќајот не постои апсолутно право на првенство на минување и пешачкиот премин го означува местото каде се поминува улицата, а моментот на преминување зависи од случувањата во сообраќајот. На јавен пат каде има обележани пешачки премини, пешакот е должен при преминувањето на патот да се движи по тие премини, освен ако тие од него не се оддалечени повеќе од 100 метри. На крстосница со светлосни сообраќајни знаци кои го регулираат пешачкиот сообраќај, пешакот е должен да ја премине улицата само кога свети зеленото светло за пешаци, нагласуваат од РСБСП.
Пешакот, додаваат, не смее да се движи или непотребно да се задржува на коловозот, освен во ситуации предвидени со законот.
– Доколку пешакот се движи по коловозот кога нема тротоари или пешачка патека, тој задолжително треба да се движи што поблиску до работ на коловозот и тоа мошне внимателно и на начин на кој не го попречува или не го спречува сообраќајот на возилата. Во таков случај, пешаците треба да користат најмногу еден метар широк дел од коловозот, сметано од работ на коловозот. На јавен пат со тротоар или друга површина покрај коловозот погодна за движење на пешаци, пешакот е должен да се движи по тие површини, нагласуваат од РСБСП.
Пешакот кој се движи по коловозот на јавен пат надвор од населено место, пак, е должен да се движи до левиот раб на коловозот во правецот на движењето. По исклучок, пешакот може да се движи до десниот раб на коловозот, само кога таквото движење за него е посигурно (непрегледна кривина, бездна, засек, одрон и слично).
– Пешакот кој турка рачна количка, велосипед, велосипед со помошен мотор, мотоцикл, како и лицата кои се движат со помош на подвижни столови за немоќни лица со брзина не поголема од брзината на човечки од, како и организирана колона пешаци, се движат до десниот раб на коловозот во правецот на движењето, потсетуваат од РСБСП.
Како корисна практика што може значително да ја подобри безбедноста на пешаците во сообраќајот, од РСБСП го истакнуваат користењето на флоуросцентни елечиња и други аксесори кои ја подобруваат видливоста на пешаците, особено во услови на намалена видливост надвор од населени места и во населени места низ кои поминуваат магистрални и регионални патишта, а кои не се доволно осветлени.
Според податоците на РСБСП, на глобално ниво и во Македонија, околу 25 отсто од вкупниот број загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди се пешаци. Изразено во апсолутни бројки, во Македонија, во просек, годишно од 30 до 35 пешаци го губат животот во сообраќајни незгоди. Во 2016 година, 35 пешаци го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од кои 17 се на возраст над 65 години.– Наспроти сите сообраќајни правила и прописи и добри практики голем дел од пешаците се оснесуваат крајно неодговорно и на тој начин го загро