Донација на теренски возила од ЕУ за справување со миграцијата

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, кој од вчера е во посета на Република Македонија, денеска во Министерството за внатрешни работи  ќе предаде сертификати за донација на 33 теренски возила.Од нив, 31 се наменети за потребите на Граничната полиција на МВР и две теренски возила се за потребите на Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Како што соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје, возилата се набавени преку фондот на ЕУ „Специјална мерка“ чија цел е поддршка на владини институции на национално и на локално ниво. Возилата се погодни за тешко пристапни терени и имаат капацитет за седум полициски службеници.
– Донацијата ќе им овозможи на националните институции да ги зголемат нивните напори во менаџирањето на миграцијата и во борбата со криумчарењето мигранти и прекуграничниот криминал, информира Делегацијата на ЕУ во Скопје.
На предавањето на донацијата во МВР најавени се обраќања на еврокомесарот Хан, министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на ЦУК Агрон БуџакуОд нив, 31 се наменети за потребите на Граничната полиција на МВР и две теренски возила се за потребите на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пронајдете не на следниве мрежи: