Се’ поголем број граѓани се собираат во Охрид за да изразат негодување околу политичкото и непрофесионално делување на Катица Јанева и СЈО.Граѓаните коментираат дека се повикуваат обични луѓе и им се вршат притисоци заради тоа што донирале по 1000 денари, а од друга страна се аболицираат криминалци како Зоран Заев и Зоран Верушевски.
Според нив, единствената причина зошто се тие повикани е заради тоа што се членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.
Нивното заплашување тие го толкуваат како притисок врз партијата за да потклекне и за да се согласи на недолични компромиси за најважните национални прашања како проблемот на Грција со името, промената на Уставот и воведување на двојазичност на целата територија.
Правни експерти коментираат дека нема никаква правна логика во ваквиот акт на СЈО, одеднаш да бидат повикани 200 лица.
Единствената логика е да се направи медиумски спектакл и да се изврши политички притисок врз ВМРО-ДПМНЕ. Затоа најсоодветен израз за ваквите дејствија на СЈО, според нив е дискриминација врз политичка основа.
Граѓаните коментираат дека се повикуваат обични луѓе и им се вршат притисоци заради тоа што донирале по 1000 денари, а од друга страна се аболицира