Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, денеска во Скопје, на маргините на Министерскиот состанок за Западен Балкан, ќе се сретне со лидерите на политичките партии што се застапени во македонското Собрание.Тој треба да има одвоени средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети, на Беса Билал Касами и со Зијадин Села од Алијансата за Албанците.
На средбите се очекува да стане збор за актуелната политичка ситуација во земјата и за разговорите за формирање влада по предвремените парламентарни избори од 11 декември.
Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар во вторникот за време на посетата во Прилеп изјави дека Хан ќе има билатерални средби со политичките лидери, како и со други чинители, на кои ќе се информира од прва рака за тоа до каде се работите и на кој начин ЕУ може понатаму да ја поддржи земјата.
Ова е прва посета на еврокосеарот Хан на Македонија по изборите на 11 декември. Во обраќање пред Советот на Европа кон крајот на јануари, Хан изјави дека очекува во земјата брзо да се формира влада поддржана од широко парламентарно мнозинство, која ќе ги спроведе итните реформи и ќе продолжи да отвора европерспективи за земјата, и започнување на преговорите за членство. Покрај итните реформски приоритети, од новата влада се очекува да го реши и прашањето околу разликите за името со Грција.
Тој треба да има одвоени средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети, на Беса Билал Касами и со Зијадин