Свидетели сме на една агресија незапамтена во историјата на народите, кога се прават обиди да се смени името на нашата држава и да се ископачи нашиот јазик, истакна академикот Митко Маџунков на промоцијата на 50 нови изданија од едицијата „Светско книжевно наследство“.-Двојазичноста што сега лицемерно се користи за политичка борба е опасен авантуризам кој води во уништување на нашата држава и на нашиот народ. Ниту еден јазик не може да преживее во двојазичноста или мултијазичноста ако нема матична држава каде што тој јазик се чува и негува. Во Македонија живеат повеќе етнички заедници, но сите тие заедници имаат матични држави каде што се чува и развива јазикот на тие заедници. Истото важи и за Албанците. Западниот концепт на нацијата во преден план го става државјанството, во нашата средина етничкото е се уште доминантно, од тоа произлегуваат повеќето неволји со мултикултуралноста, истакна академикот.
Јазикот, според Маџунков, е еден од главните атрибути на секој народ, а тоа значи дека официјалниот јазик на една држава не може да се менува во зависност од демографската состојба.- Нема држава без јазик и нема државен опстанок без јазик.
-Албанците, Србите, Турците и сите други народи што живет во Македонија имаат свои матични држави каде што нивниот јазик е заштитен, тоа не е случај со Македонија. Ни побогата држава од нас не би можеле да ги поднесе само метеријалните трошоци на еден таков експеримент. Тоа не значи на другиот да не му се даде она што му припаѓа, тоа значи да му се даде се што му припаѓа, но не и да му се дуплира или триплира државата за сметка на сопствениот опстанок, додава академик Маџунков и порачува: Името и јазикот треба да ги чуваме како нешто без што нема опстанок.-Двојазичноста што сега лицемерно се користи за политичка борба е опасен авантуризам кој води во уништување на нашата држава и на нашиот народ. Нит