Албанскиот државен обвинител Адриатик Лала вчера влезе во остар вербален судир со амбасадорот на САД во Тирана, Доналд Лу, кој го обвинил за попречување на реформата на правосудниот систем, која била клучна за напредокот на Албанија на патот кон Европската Унија, пишува Дневник.Во соопштението доставено до агенцијата АП, Лала го обвини Лу дека со уцени и притисоци се обидува да манипулира со јавното мнение и да ги девалвира институциите во Албанија. Тој истакна дека обвиненијата на амбасадорот се поврзани со истрагите на Обвинителството за неколку политичари кои ја имаат поддршката на амбасадорот и за неколку пратеници на кои амбасадорот и со уцена им го барал гласот за реформите во правосудството.
– Обвинителството му појаснува на господинот Лу дека ако е научен да биде господин во амбиентите на албанската политика, тоа не може да го реализира со институцијата на Обвинителството. Господинот Лу мисли дека судбината на Обвинителството е во негови раце кога ја уценува институцијата за затворање истраги или со одземање визи. Треба да му биде јасно и нему и кому било дека за да ги исполнуваат уставните и правните задачи, на обвинителите не им е потребна виза. Овие притисоци на американскиот амбасадор во Тирана се типични соросоидни, со кои има обид за манипулација на јавноста и обезвреднување на институциите – се наведува во соопштението на Обвинителството.
Од друга страна, Лу изјави дека Лала ја попречува реформата на правосудството, која мора да се спроведе пред почетокот на преговорите за пристапувањето на Албанија во Европската Унија.
-Лала гласно зборува против реформата и го прекршува Уставот со нетранспарентно именување на членовите на Судскиот совет – изјави Лу.
Амбасадорот на САД најави дека следната недела во Тирана ќе дојдат американски и европски судии и обвинители за да го проверат реформскиот процес, како и именувањето на правосудните функционери во извршните органи.
Претходно, американската амбасада соопшти дека не им издала визи на некои албански обвинители и судии. Меѓу нив, како што се покажа, се и Лала и неговата сопруга. Амбасадата соопшти дека ќе продолжи да го користи својот авторитет за да ја унапреди борбата против корупцијата во Албанија.Во соопштението доставено до агенцијата АП, Лала го обвини Лу дека со уцени и притисоци се обидува да манипулира со јавното мнение и да ги девалвир