Бојана ја насетила својата смрт: „Те познавам добро, ќе ме убиеш

Иван Миловановиќ и се заколнал на бившата сопруга дека нема да ја повреди, а потоа ја задавил во собата за брачни посети во затворот во Ниш.Бојана Бачевиќ, каја во петокот во таканаречената љубовна соба во нишкиот затвор беше задавена од својот сопруг Иван Миловановиќ, ја насетила својата смрт! За тоа сведочи и писмото на убиецот кое пристигнало еден ден пред трагедијата на адреса на сестрата на Бојана, Бобана Радиќ.
Иван на пет испишани страни  напишал дека се слушнал со Бојана, на која и рекол дека испратил писмо.
“Таа ќе ми дојде во посета, а замислете што вели  -Ти мене таму ќе ме убиеш!- Јас и реков дека нема да ја убијам ниту во затворот ниту  надвор, а таа повторно  ми одговори: – Кога ќе излезеш, ќе пратиш некој  да ми ги скрши нозете, те познавам добро!- И се заколнав  во нашата ќерка дека нема ништо лошо да и направам“, напишал Иван во писмото.

Во писмото Иван ја обвинува Бојана за неверство
„Имаше многу расправии помеѓу мене и нејзе поради  Ј…, останатите нема ниту да ги спомнувам. Одлучив да кренам раце од Бојана, нека го живее својот живот, и посакувам се најдобро. Бојана е мајка на мојата ќерка. Се договоривме да ми доаѓа во посета и да  ми го носи  детето. Јас ќе и бидам вистински родител, Бојана може да спие како јагне, ниту ќе ја убијам, ниту ќе ја тепам.
 Тоа би било најлесно, најтешко е да се биде човек. Да сакав нешто лошо, таа веќе би завршила  во количка, но не сакам да му нанесувам болка на своето дете. Можев да ја убијам, таа тоа го заслужи, некој друг на мое место одамна ќе го стореше тоа“, напишал Иван.Бојана Бачевиќ, каја во петокот во таканаречената љубовна соба во нишкиот затвор беше задавена од својот сопруг Иван Миловановиќ, ја насетила своја

Пронајдете не на следниве мрежи: