И покрај јасните најави за политизирање и злоупотреба на проектите за развој на граѓанското општество во Македонија, овие активности продолжуваат со несмалено темпо, информира здружението Стоп операција Сорос.„Ја информираме јавноста дека вчера истекоа роковите за пријавување за одработувачи во најновиот проект на американската агенција за развој УСАИД, кој се имплементира повторно преку Фондацијата Отворено општетво во Македонија, преку институтот „Иствест менаџмент“, кој има врски со фондацијата на Сорос, и преку сродните, политички поврзани организации Асоцијацијата за демократски иницијативи, Метаморфозис и Националниот младински Совет на Македонија.Целиот проект финансиран од УСАИД ќе тежи 9,5 милиони долари во рок од пет години.
Водејќи се од досегашните искуства за партискиот карактер на организациите кои се избрани за одработувачи на овој проект, и нивното досегашно однесување, предупредуваме дека постои сериозна опасност овие средства повторно да бидат злоупотребени за финансирање на насилни протести, партиски војници на СДСМ, за идеолошки и меѓуетнички поделби и тензии. Според објавата на Метаморфозис, ќе се доделат седум грантови со максимален износ од 120.000 долари, за активности како што се граѓански активизам, кампањи, јакнење на капцитети на локални и регионални организации. АДИ, организација која добива се поизразен политички предзнак, вчера заврши со повикот за четири грантови, секој тежок до 15.000 долари.
Имајќи го предвид времето кога се имплементираат овие проекти, и политичката состојба, како во Македонија, така и во САД, сметаме дека се работи за избрзан обид да се префрлат што е можно повеќе пари на организации познати по нивниот партиски карактер пред да почне преиспитувањето на нивните активности во Македонија“, стои во соопштението на СОС.
Здружението Стоп операција Сорос најавува дека будно ќе го следи спроведувањето на овие проекти, организациите кои ќе бидат избрани да ги изведуваат и нивните натамошни активност.
„Ќе ја предупредуваме македонската и меѓународната јавност за сосем извесното политичко злоупотребување на овие проекти од страна на фондацијата на Џорџ Сорос во Македонија и партијата СДСМ. Ќе продолжиме да бараме одговори од американската амбасада во Македонија и од мисијата на УСАИД, како и од нивните нови раководства кои се воспоставуваат во Вашингтон, зошто, како практично ексклузивни одработувачи на овој вид проекти, се избираат организации поврзани со Фондацијата на Џорџ Сорос, и покрај нивната добропозната политичка пристрасност, идеолошкото едноумие кое го застапуваат, вмешаноста во многубројни насилни протести во Македонија и поврзаноста со лица за кои е потврдено дека ги кршеле човековите права.“
Здружението СОС ги повикува сите граѓани кои имат сознанија за злоупотреба во политички цели на активностите на организации финансирани од Фондацијата на Џорџ Сорос, и особено организации финансирани од меѓународните дипломатски преставништва во Македонија, да ги пријават на нивната е-адреса.
„На интернет-адресата [email protected]. можете да нѐ информирате за сите активности за кои сметате дека претставуваат политичка злоупотреба на граѓанскиот сектор. Вашите наводи ќе бидат проверени (со целосно почитување на вашата приватност) и за нив ќе биде информирана домашната и меѓународната јавност.“„Ја информираме јавноста дека вчера истекоа роковите за пријавување за одработувачи во најновиот проект на американската агенција за развој У