Град Скопје будно ја следи состојбата – се чистат улици и тротоари

Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на снегот од коловозите и тротоарите на градските улици и булевари. Сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје се исчистени и истите се проодни, а на одредни локации екипите на зимската служба на Град Скопје работат со механизација на дорасчистување на коловозот (чистење на снегот со возила со плуг).
 Покрај коловозите, екипите на јавните претпријатија изминативе денови со механизација и рачно го чистеа снегот од тротоарите. Во работата на чистењето на тротоарите ангажирани се 100 работници од ЈП „Комунална хигиена“, како и 80 од ЈП „Паркови и зеленило“. Паралелно со нив, екипи на ЈП „Водовод и канализација“ работат на терен на чистење на сливниците.
 Зимската служба на Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.
 Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
 Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.
 JП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет. Сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје се исчистени и истите се проодни, а на одредни локации екипите на зимската служба

Пронајдете не на следниве мрежи: