СДСМ преку својот аналитичар Сашо Ордановски повторно ги искажува своите намери за федерализација на Македонија и формирање на Влада која ќе ги исполни барањата на албанските партии од Платформата и ќе работи само за интересита на Албанците.Ордановски во гостувањето во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М вели дека Македонија треба да се врати во една легитимна власт меѓу СДСМ, ДУИ и останатите албански партии.
-Постои една реална комбинација која треба да се направи, Македонија треба да се врати во една легална легитимна власт помеѓу СДСМ, ДУИ и другите албански партии и таа треба да го спроведе целиот овој пакет на реформи, ко што во еден процес ќе стави и загрижености, забелешки кои се легитимни од страна на албанските партии. Мислам дека дел од нив се остварливи, дел од нив е редно да се стават во процес и Македонија на тој начин ќе оди напред, вели Ордановски.
Тој потврдува дека формирањето на ваква влада ќе значи упапредување на Албанците.
-Затоа јас цело време ја застапувам дека приказната во Македонија е процес и дека не е предмет на тоа што Вие или јас можеме да мислиме. Има процес во текот на тој процес. Сега формирање на Влада меѓу СДСМ и ДУИ веројатно ќе ја унапреди целата позиција и на Албанците во процесот, додава Ордановски.
Аналитичарот на СДСМ уште една потврдува дека СДСМ не го засегаат интересите на Македонците и нивната изразена волја на изборите, туку дека ќе продолжат да работат само за интересите на Албанците.
Ордановски во гостувањето во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М вели дека Македонија треба да се врати во една легитимна власт меѓу СДСМ,