Дебитантот во македонското Собрание Павле Богоевски, кој си го одработи своето место на листата на СДСМ учествувајќи во платеничката „револуција“ на Зоран Заев и Сорос, се избламира уште неседнат на пратеничкото столче, пренесува Инфомакс.Сакајќи да се покаже како голем и сериозен маж, малиот Павле решил дека ќе се гради како лик пресметувајќи се со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.
Но, наместо да испадне досетлив и храбар, Павле Богоевски се изрезили како и секогаш кога желбата ги надминува можностите и капацитетот.
Па така, неискусниот политичар Богоевски ја покажа на јавна сцена својата неукост и математичка способност на рангот на лудите пресметки карактеристични за СДСМ.
Тој пишувајќи го својот голем план за продолжување на мандатот на СЈО, како стратег од рангот на Мујо и Хасо, пресметал дека мандатот на Специјалното јавно обвинителство може да биде продолжен со глас на 61 пратеник, односно без ВМРО ДПМНЕ, што и беше основната теза на арогантниот настап на Богоевски.
Она што човек со лимитирани способности не може да го поседува кога е арогантен е мудроста, или барем доблеста да се проверат информациите кои ги пласира како факти, неоправдано самоуверен во својата величина и способност.
Еден пратеник, колку и да е млад и „зелен“, не смее да не ги чита законите за кои зборува. А ако Павле го прочиташе Законот за СЈО, ќе знаеше дека во член 1 став 3 стои дека мандатот на СЈО може да се продолжи само со 2/3 мнозинство во Парламентот.
Брз и арогантен = неук. Повеќе среќа наредниот пат, ако добие дозвола од Заев да користи Фејсбук после ваков огромен блам.
Сакајќи да се покаже како голем и сериозен маж, малиот Павле решил дека ќе се гради како лик пресметувајќи се со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола
Пронајдете не на следниве мрежи: