Скапите играчки на Заев:Возен парк од квадцикли и моторни санки во вредност од над 30.000 евра!

Човекот кој сам кажа дека во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ тој заработил десетици милиони евра, заедно со неговите чичковци и „татковци“, реши преку социјалната мрежа Фејсбук да се пофали со возниот парк на моторизирани санки и квадцикли во вредност од преку 30.000 евраНормално квадциклите и моторните санки не се пријавени во неговиот имотен лист до Државната комисија за спречување на корупција, иако уште минатата година се пофали со слични вакви возила, со постаро производство. Оваа година се „надоградил“.

Во изминатите две години Зоран Заев, заедно со неговите странски поддржувачи но и домашните НВО финансирани од странски пари како оние на Сорос и фондовите на УСАИД, освен тоа што ја финансираше неговата валкана кампања, и се обидуваше да предизвика дестабилизација во земјата, очигледно е дека и добро кеширал.

 
Тој и неговиот клан кеширале и преку малверзациите кои се одвивале преку општинското претпријатие „Струмица Гас“, а јавноста беше сведок и на коруптивен скандал кој беше снимен со ПИ Мерки, на кои јасно можеше да се види и слушне како Зоран Заев бара мито од 200.000 евра, а дури и ја објасни технологијата на распределба на парите. Ваквиот начин на работа неколкупати ја потврди и лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, кој понуди докази дека Заев барал мито и од него!

 
Во меѓувреме, додека Заев ужива и се забавува со неговите скапи играчки, платени со парите на струмичани, жителите на општина Струмица нозе искшрија по неисчистените и замрзнати улици.

 
Тротоарите низ Струмица се преполни со мраз, а резултат на тоа се многубројните скршеници на граѓаните од сите возрасти, кои се повеќе ги полнат ходниците во општата болница.
Состојбата во струмичките села е алармантна.
Во село Рич жителите веќе 4 дена се заробени. Од таму во телефонски разговор за Телеканал А1, велат дека освен со теренско возило со ништо друго не може да се стигне до селото, освен можеби квадовите на Заев вредни по 10.000 евра секој.
По очигледната негрижа на општина Струмица, Кире Михаилов и вработените во ПСШ „Беласица“ самоиницијативно започнаа со акција за помош околу расчитување на снегот и мразот во населените места Вељуса и Добрејци. Жителите на овие населени места беа воодушевени од иницијативата и ја прифатија, при што и самите се вклучија во акцијата.
Во текот на утрешниот ден, акцијата ќе продолжи во Добрејци.
 Нормално квадциклите и моторните санки не се пријавени во неговиот имотен лист до Државната комисија за спречување на корупција, иако уште минатата

Пронајдете не на следниве мрежи: