четврток, 12 ноември 2026
Најново

Еве каде заврна СНЕГ денеска!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат на Попова Шапка и во Македонски Брод, соопшти АМСМ во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.
 Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Јавното претпријатие „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  кон условите на патот.
АМСМ потсетува дека е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од попладне ќе има повеќе врнежи, а на планините во западните делови ќе се формира снежна покривка. Снег ќе има и на некои повисоки места, од над 600 метри надморска височина.Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница &ndas

Поврзани вести