По изјавите на СДСМ дека платите и пензиите ќе се зголемуваат, додека поранешниот министер за финансии од нивните редови, Никола Поповски, порачува дека идната влада ќе треба да води рестриктивна политика, граѓаните велат дека примањата во времето на СДСМ паѓале.-Они еднаш скинаа 8 посто. Сега ако дојдат не 8, 18 посто ќе ги скинат. И тотално неправилно сакаат да дојдат на власт, со сила сакаат да ја земат власта.
-СДСМ кога беше на власт, јас работам во државна болница, и на рати ни даваа, а ВМРО-ДПМНЕ ни ја дава цела плата и навремено.
-До сега ВМРО-ДПМНЕ водеше сметка и тоа го видовме.
Ова се коментарите на грѓани кои ги анкетираше Сител ТВ.
Од СДСМ денес изјавија дека партијата цврсто стои зад растот на платите во Македонија.
Ексминистерот Поповски во интервју за Радио Слободна Европа, рече дека новата влада ќе мора да спроведе реформи во кои жртви може да бидат јавната администрација и пензионерите.
-Сите сме свесни дека во последниве 7-8 години нивото на реалните пензии во Македонија драстично се зголеми над нивото на реалните плати. Тие и едните и другите стануваат недоволни за живот. Но, едните многу побрзо отидоа напред, отколку другите и сега тоа е дебаланс и ќе треба да се намали тој дебаланс. Пак ќе има жртви, истакна Поповски за Радио Слободна Европа.
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека СДСМ ги скратила пензиите, а во време на владеењето на таа партија невработеноста достигна рекордни 38 проценти, додкеа изминатите десет години просечната пензија е зголемена за 70%, а платите во јавниот сектор за 25%.-Они еднаш скинаа 8 посто. Сега ако дојдат не 8, 18 посто ќе ги скинат. И тотално неправилно сакаат да дојдат на власт, со сила сакаат да ја земат