-Добар ден, трет ден пред Државната изборна комисија, тело кое што сака да ги фалсификува овие избори и волјата на граѓаните. Граѓаните одбраа ВМРО-ДМПНЕ, граѓаните одбраа просперитетна Република Македонија. Граѓаните одбраа Никола Груевски да биде мандатар на новата Влада, се обрати потпретседателот на УМС Димче Арсовски пред Државана изборна комисија.-Ги зборуваат СДСМ за демократи, а тие веќе две години ја убиваат демократијата, последните три години во овие простории ја погребаа демократијата. Ни зборуваат за слобода на говорот, која слобода на говорот? Сите не истомисленици кои не мислат како нив да ги тепаат по улици? Најпрвин Шарената револуција која шараше, за што сведоци се бранителите на нашата држава. Крис моторџијата само затоа што не мисли како нив го претепаа на улица, јавно сред бел ден, пред камери. Се осеќаа моќни и го величеа тоа. Срам да им е, вели Арсовски во своето обраќање.
-Ги зборуваат СДСМ за демократи, а тие веќе две години ја убиваат демократијата, последните три години во овие простории ја погребаа демократијата.