Соочени со десеттиот изборен пораз по ред, ескалира нервозата кај СДСМ. Партијата е во безизлезна ситуација па панично реагира и манипулира дека наводно се правело притисок врз администрацијата да протестира, пишува „Вечер“.На опозициските портали осамна текст каде СДСМ апелира ВМРО-ДПМНЕ да не ја злоупотребува администрацијата за вршење притисок врз ДИК. Но, целата јавност знае дека ова е само уште една манипулација на социјалдемократите, бидејќи СДСМ се плаши да не и се случи народ поради манипулациите кои ги прави во ДИК.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак, вчера истакнаа дека внимателно и одблиску, со крајна сериозност и загриженост ја следат работата на Државната изборна комисија и најновото одложување на одлучувањето по апсурдните приговори од страна на СДСМ и БЕСА.
-ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира ДИК да не подлегнува под никакви притисоци и да не влегува во ничии сценарија за постизборен инженеринг со кој би се оспорила волјата на 455 000 македонски граѓани со чии гласови ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеник, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Државната изборна комисија има една единствена обврска, а тоа е да ја верификува волјата и одлуката на мнозинството граѓани и не смее да подлегнува на притисоците од страна на сценаристите кои сакаат да спроведат постизборен инженеринг. Во спротивно ќе има излевање на гневот на мнозинството Македонци, бидејќи граѓаните нема да дозволат некој да им ја украде изборната волја.На опозициските портали осамна текст каде СДСМ апелира ВМРО-ДПМНЕ да не ја злоупотребува администрацијата за вршење притисок врз ДИК. Но, целата ја