Полека но сигурно истекуваат првите 24 часа од предвидениот рок од 48, за постапување по доставените приговори до ДИК од страна на двете партии со најмногу албански гласови СДМС и БЕСА за избирачки места на кои согласно записниците, но и тврдењата на одговорните во избирачките одбори во текот на целиот изборен ден немало никакви нарушувања на изборниот процесИако целата Македонска јавност во текот на вчерашниот ден со нетрпение ја чекаше одлуката на ДИК по приговорите доставени од СДСМ и БЕСА но и верификување на јасно изразената народна волја, претставниците на Државната изборна комисија без никакво подробно објаснување ја одложија седницата за денес.
Според информациите до кои дојдовме, во текот на вчерашниот ден и покрај убедувањата и притисоците кај членовите немало доволно поддршка за прифаќање на нелогичните и незаконските приговори на СДСМ и БЕСА. Соочен со ваквата реалност, сценаристот предожил план Б за одложување на седницата на ДИК, со цел да се добие уште еден цел ден за вршење на притисоци врз членовите на ДИК.
Во врска со информациите кои пред два дена излегоа во медиумите дека во ДИК се наоѓа амбасадорот на САД кој врши притисок врз членовите на ДИК со цел монтирање на изборната волја на граѓаните, Амбасадата вчера излезе со демант нарекувајќи ги овие информации „теорија на заговор“.
Во меѓувреме iNFOMAX.mk дојде до погоре наведената фотогрaфија која го демантира демантот, односно теоријата на заговор ја прави фактичка состојба.
Со сличен демант амбасадата излезе и пред неколку месеци кога информиравме за вмешувањето на вработени во амбасадата во судството и вршење на притисок врз судиите и јавните обвинители, но и тогаш како и сега аргументирано беше докажано дека демантот е само обид да се деградира информација која не е објавена во медиум под контрола на фондовите на Сорос и УСАИД, пренесува ИнфомаксИако целата Македонска јавност во текот на вчерашниот ден со нетрпение ја чекаше одлуката на ДИК по приговорите доставени од СДСМ и БЕСА но и вериф