И покрај обидот за рушење на десницата од страна на опозицијата, помогната од словенечките социјалисти, останува на власт!

Македонската владејачка конзервативна партија ВМРО-ДПМНЕ на неделните парламентарни избори во таа поранешната југословенска република освои тесна победа, известуваат европските медиуми. Конзервативците обезбедија 51 од 120 места во парламентот, додека најголемата опозициска партија на социјалните демократи (СДСМ) освои 49 места, извести во понеделникот нивната државна изборна комисија. Во Македонија очекуван беше неизвесен изборен резултат, а во јавноста во неделата навечер настана тотален хаос, кога двете најголеми партии прогласија победа. За вистински скандал се погрижи и американскиот амбасадор, кој се обиде да го смени изборниот резултат, бидејќи дипломатијата на американскиот претседател во заминување Барак Обама ги поддржува социјал демократите.Македонскиот парламент составен е од 123 места, од кои 120 се за претставници, изгласани во шест изборни единици. Секоја изборна единица располага со по 20 места, а преостанатите три места се вообичаено резервирани за Македонците кои живеат во странство. Поради пропорционалниот избирачки систем во Македонија од независноста па до денес практично секој пат се соочуваат со проблеми за составување на цврста коалиција, и исто така ќе биде и овој пат, бидејќи победничката партија ВМРО ќе мора да коалицира со повеќе помали партии, за да го добие потребното парламентарно мнозинство.
Парламентарните избори беа следени од надворешни набљудувачи, меѓу другите и Иво Вајгл и Тања Фајон од Словенија, на кои се замерува за очигледното навивање за победа на опозициската партија на социјал демократите. Следните се виновни за настаната политичка криза во Македонија, која трае од последните избори во 2014г.; тогаш СДСМ конзервативците ги обвини за политичка корупција и манипулација со избирачки резултат, и од тие причини не сакаше да го признае резултатот. Социјал демократите се обидоа да ја срушат легитимно изгласана македонска влада и со аферата за прислушување, поради која Македонците беа принудени да одат уште еднаш на избори во декември годинава. Првичен договор беше изборите да се одржат во април, но СДСМ ги одложи бидејќи анкетите на јавното мислење не беа во нивна полза.
Левицата веќе прогласи победа, пред да ги стигне огромен шок.
По затварањето на изборните места симпатизери на двете партии ги заземаа улиците и прославуваа победа; водството на СДСМ ја прогласи својата победа и се појави во јавноста во друштво на голема маса албански поддржувачи, кои ги вееја албанските и турските знамиња. Но тоа беше сметка без стопан, бидејќи подоцна вечерта пред новинарските камери застана Влатко Ѓорчев, висок претставник на партијата на актуелниот премиер Никола Груевски и прогласи 10-та консекутивна победа на конзервативците: „Пак победивме. Денес, на 11-ти декември успеавме и по десеттиот пат!“
Поделени се и медиумите. Провладиниот македонски весник Дневник во понеделникот извести за најтесна разврска во историја на демократските македонски парламентарни избори и тесна победа на конзервативците, додека проопозицискиот Слобиден печат на насловна страна објави: „Владата во Скопје падна.“
Да потсетиме: врз актуелниот претседател на владата Груевски почнаа со притисоци од Европската унија и НАТО, бидејќи им сметаше со својата националистичка политика. Актуелната македонска влада одлично реагираше на првиот бран економски мигранти од Сирија и другите азиски држави, застанувајќи им на пат на јужната македонска граница. Победа на Груевски е голема победа и за Европа, бидејќи тоа значи балканската мигрантска рута да не се отвори пак и Македонските власти, економските мигранти ќе продолжат да ги задржуваат надвор од нивните граници, а со тоа и надвор од Европската унија и шенген просторот.
Американскиот амбасадор се обиде да го промени изборниот резултат на демократски избори.
Победата на македонската десница е всушност историска, бидејќи е тоа нејзина десетта, јубилејна, покрај сите притисоци од страна на опозицијата потпомогната од странство.
Се оценува дека десницата не го изгуби својот електорат, но дека се намали разликата на левицата, за која, за прв пат во историјата, масовно гласале Албанците.
Луѓето избрале партија која својот народ го поставува пред политиката на Европската унија и САД, медиумите го осудија чинот на американскиот амбасадор, кој во недела навечер ја посети Државната изборна комисија, за да влијае врз резултатот на изборите.
„Тоа е секако нелегално, САД се меша во избори на една демократска држава, но за тоа не се казнети. Уште пред самите избори американската амбасада вршеше притисок врз судската власт и обвинителство, за да спречат објавување на тајни податоци, добиени од страна на тајните служби.“ додаваат аналитичарите.
Албанците за прв пат во историјата гласале за една од двете најголеми македонски партии.
Македонците имаат некаков четрипартиски систем, бидејќи најголемиот број на гласови се дели меѓу десна и лева партија, а следат албанската десница и левица. Непишано правило е владата секогаш да е составена од победничките партии на Македонците и Албанците. Десницата има приближно 100.000 поддржувачи повеќе од левицата и е на власта со години, А левичарската партија СДСМ на овие избори разликата на гласачи се обиде да ја надополни со гласовите на Албанците.
За прв пат во историјата на независна Македонија се случи партијата СДСМ да добие гласови во руралните средини со албанско мнозинство во кои по правило се гласа под влијание на имами.“ – овој пресврт е целосно изненадување за политичките аналитичари.
Што е причина приближно 80.000 Албанци да гласаат за СДСМ и не за една од нивните партии останува отворено прашање, на кој одговор нема ниту македонскиот амбасадор во Словенија Томи Димитровски:
„Се плашам делка албанските гласачи добиле одредени ветувања од страна на социјал демократите и дека тоа не се работи за некаква добра економска програма. Сметам дека е тоа еден вид договор помеѓу партијата и Албанците, се работи за сосема нова состојба во Македонија.“ Конзервативните македонски медиуми инаку известуваат дека социјал демократите на Албанците ветиле двојазичност Македонија.
Македонските социјал демократи имаат поддршка од своите европски колеги, но никој не им понуди толку поддршка како словенечки СД. Врските помеѓу македонските и словенечките социјалдемократи се според него и идеолошка, но и од бизнис природа.
Корупцискиот скандал во Македонија во 2010. година покажа дека тогашниот претседател на македонските социјалдемократи Бранко Црвенковски соработувал со тогашниот претседател на владата Борут Пахор, македонските левичари за советување платиле преку 340 илјади евра.
Словенечката СД исплете тесни бизнис и идеолошки врски со македонските политички пријатели.
Нашиот соговорник тврди дека социјалдемократите на Пахор се поврзани и со ПР агенцијата Пристоп, која работела за Рико, а тој во Македонија градел голема хидроцентрала и и останал должен на државата, доцнел со работата, македонската инспекција откри многу неправилности.
Социјал демократите меѓу себе испреплетоа многу јаки бизнис врски, наводно постои и посебна врска помеѓу градоначалникот на Струмица и шерифот на Копер Борис Поповиќ.
Општина Копер на македонските социјалдемократи им отвори партиски штаб, за да добијат неколку гласа на изборите во македонската дијаспора.
Агенцијата Пристоп е наводно поврзана и со поранешниот шеф на македонската тајна служба, удбашот Слободан Богоевски, кој бил уапсен поради обид за кривично дело продажба на земјиште во Скопје, за да на тој простор се изгради Меркатор центарот. Тогаш претпријатието Пристоп бил и претставник на Меркатор за Македонија.
„Се разбира македонската левица преку словенечките социјалдемократи се обидува да дојде до европскиот комесар, и отвора прашања кои се во нивен интерес и исто така затвара прашања кои не се во нивен интерес.“ додаваат аналитичарите.
Левицата не ги признава изборите, спротивставување на волјата на граѓаните би била голема грешка
Иако се чини дека партијата СДСМ за заминување на десницата од власт ќе треба уште малку да почека, сега за сега изгледа, дека иако е тесен поразот тие не сакаат да го признаат. Нивниот претставник веќе поднесе приговори на резултатите, кои во понеделник навечер во 22 часот се објавени од страна на Државната изборна комисија. Македонскиот амбасадор во Словенија се сомнева, дека исходот може да се смени, бидејќи истото не се случило никогаш во историјата на државата, и исто така не би било многу паметно да се игра со волјата на македонските гласачи и да не се признае исходот. „Таква влада навистина не би можела да опстане.“ тврди Димитровски.
Димитровски се надева дека десницата ќе успее да формира стабилна владина коалиција и да ја прекине предолгата криза, нема сомнежи дека претседателот на државата ќе додели мандатот за формирање на влада на победниците на изборите. Истото да се случи што поскоро е, според неговите зборови, важно и за Словенија и за Европска унија.
„Во Скопје треба што побргу да се формира стабилна влада, која мора да е доволно силна за да продолжи со политиката на нејзината претходничка, која во минатата година, за време на мигрантскиот бран изврши вонредно работа на македонската јужна граница и ги запре мигрантите на балканската рута. Кога времињата за Словенија и за севкупниот шенгенски простор беа најтешки, македонската полиција и војска ја завршиле својата работа, системот функционирал.“, додава Димитровски. Кој знае што би се случило ако на власт би дошле социјал демократите.
Лика СветинаМакедонскиот парламент составен е од 123 места, од кои 120 се за претставници, изгласани во шест изборни единици. Секоја изборна единица располага

Пронајдете не на следниве мрежи: