„Под заповедништво на еден амбасадор кој ги координирал гласовите на македонските Албанци и ги транспортирал во СДСМ, таа странка успеа да добие седум албански мандати“, вели Петровски за хрватскиот портал Direktno.По повод исходот на вчерашните избори во Македонија, на кои и двете коалиции прогласија победа, угледен член на ВМРО- ДПМНЕ и директор на Државниот Архив на Македонија, Филип Петровски даде изјава за Energypress, а пренесува Direktno.hr.
„ВМРО- ДПМНЕ оствари историска, десета по ред, победа на изборите. Победата со тоа е поголема, доколку го наведеме фактот дека целокупната европска и домашна јавност беше портив нас. Имено, под заповедништво на еден амбасадот кој ги координирал гласовите на македонските Албанци и ги транспортирал во СДСМ, оваа партија успеа да добие седум албански мандати. Исто така, споменатото амбасадорство се наметна на десничарската коалиција непосредно пред самите избори кое на ВМРО- ДПМНЕ му оттргна пет мандати. Без ваквиот инженеринг размерот на мандати ќе беш 56 наспроти 38. Токму затоа велам дека оваа победа е историска“, изјавил Петровски.По повод исходот на вчерашните избори во Македонија, на кои и двете коалиции прогласија победа, угледен член на
Пронајдете не на следниве мрежи: