Акцијата „Ден на Дрвото“ ја спроведуваме согласно одлуката која што се донесе на комитетот за здравје и животна средина на Владата на Република Македонија со кој што посебен фокус се даде на урбаните средини. И тоа на Скопје, на Битола, на Кичево, на Тетово па и на другите градови во Република Македонија, истакна денес Никола Тодоров.-За Скопје оваа акција се предвидени да се засадат еден милион садници.Значи предвидено е да има за Скопје и скопскиот регион еден милион дрва од кои двесте и шеесетина илјади ќе бидат засадени во урбаниот дел на Скопје. Останатиот дел ќе бидат засадени покрај обиколницата, Скопска Црна Гора и во целата околина на градот Скопје, до еден милион дрва. Искрено сум многу задоволен што во оваа акција ќе може да се вклучат многу голем број на граѓани овојпат, затоа што предвидува акцијата да секој граѓанин кој што сака да си засади дрво и во сопствениот дом, да може тоа да го направи во соработка со сите урбани или месни заедници и да побара дрво односно да добие дрво од секоја урбана или месна заедница со цел тоа дрво да се засади во неговиот дом, вели Тодоров.
Инаку предвидено е дрвата да бидат засадени во урбаниот дел на градот Скопје, покрај булеварите, покрај улиците, во здравствените установи, во училиштата во градинките, парковско зеленило, блоковско зеленило покрај зградите.
-Ова е деветта година по ред како се спроведува оваа акција и искрено сум многу задоволен што се поголема масовност добива акцијата и што се поголем број на граѓани се вклучуваат во оваа акција и што оваа акција стана некако традиционална акција за Република Македонија. Ова е акција по која што Македонија мислам дека е препознатлива и во регионот, но и пошироко и во тој правец или во тој дух се надевам дека оваа акција или оваа традиција ќе продолжи уште многу години понатаму, додава Тодоров.-За Скопје оваа акција се предвидени да се засадат еден милион садници.Значи предвидено е да има за Скопје и скопскиот регион еден милион дрва од к