Со новата програма на ВМРО-ДПМНЕ, „Реално“ предвидуваме изградба на 240 километри секундарна гасоводна мрежа во Скопје, инвестиција вредна 100 милиони евра, истакна денес носителот на ИЕ 2 од ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров.Со програмата се предвидува и ослободување од акциза и царина за набавка на електрични возила за чија набавка ќе има и дополнителни бенефиции како намалување на ДДВ-то од 18 на 5 проценти, но и директна државна субвенција од 3.500 евра за возила до 25.000 евра и 5.000 евра субвенција за возила кои чинат над 25.000 евра. Доколку некој се одлучи за набавка на електрично возило се предвидува да биде ослободен во период од десет години од плаќање на патарина, од плаќање регистрација и да биде ослободен од плќање паркинг на сите државни паркиралишта, истакна Тодоров.
Тој додаде дека овие две мерки се мерки во рамки на заштита на животната средина во Скопје.
-Третата мерка предвидува набавка на електрични автобуси од страна на Градот Скопје во вредност од 25 милиони евра, 30 минибуси и 20 двојни автобуси со што ќе се придонесе за намалување на загаденоста во Скопје, вели Тодоров.Со програмата се предвидува и ослободување од акциза и царина за набавка на електрични возила за чија набавка ќе има и дополнителни бенефиции како