Апсурдни беа тврдењата за фантомските гласачи, изјави поранешниот член на ДИК Влатко Сајковски, како коментар по заклучувањето на избирачкиот список од страна на ДИК, за изборите закажани на 11-ти декември.-Апсурдни беа тврдењата дека има 500.000 гласачи што не треба да се најдат на избирачкиот список. Сегашниот изглед на избирачкиот список ќе содржи и фотографии на секој гласач што ќе му даде дополнителен кредибилитет на избирачкиот список, вели Сајковски.
Тој додаде дека еднаш и засекогаш мораат да престанат нападите врз избирачкиот список, кои пак, во континуитет се појавуваат при недостаток од резултати.
-Еднаш засекогаш да престанат оние напади врз избирачкиот список од страна на оние политички играчи коишто не ги добиле очекуваните резултати за нив. Тоа е несериозно за Македонија и за нормално функционирање на изборниот процес во целост, апелира Сајковски.-Апсурдни беа тврдењата дека има 500.000 гласачи што не треба да се најдат на избирачкиот список. Сегашниот изглед на избирачкиот список ќе содржи