Бетонска штала им виси на возачите над глава

На возачите кои секојдневно сообраќаат на патната релација Бањалука – Челинац – Котор Варош не помислуваат дека им се заканува опасност од бетонска штала која буквално може да им се сруши над глава !Иако звучи малку чудно, опасноста на овие возачи им доаѓа од „небо“, а не од возилата од спротивен правец, во што можат да се уверат сите кои ќе фрлат поглед на ридот на самиот излез од Челинац кон Бањалука, кој се издига триесетина метри над патот од десна страна.
Бидејќи се работи за главен, регионален пат кој поврзува три општини, фрекфенцијата на овој дел од патот не е занемарлива, а со самото тоа опасноста е поголема за учесниците во сообраќајот и пешаците.
Според тврдењата на мештаните, проблемот настанал по катастрофалните поплави кои тешко го погодиле и Челинац. Откорнати стебла во потполнст го прекинале патот, се создале свлешишта. Од ерозивните реакции паднале и два даба кои биле шталата, по што оваа бетонска градба останала да виси над патот.
Од горната страна на ридот ги затекнавме сопствениците на шталата од семејството Јолџиќ.

Интересно, но и покрајголемата опасност, во шталата сеуште „престојува“ кравата, бидејќи сопственикот нема каде да ја смести на друго место.
Што би можело да се случи доколку шталата се „откачи“, и кравата со неа, не сакаме ни да помислиме.
„Шталата ја имаме долго време и никогаш не сме имале проблем се до поплавата, која ја однесе земјата.
Дојде комисија и направи записник, и сега чекаме да ни кажат што понатаму“, ни кажа еден од членовите на семејството.
Во општината Челинац ни потврдија дека комисија излегла на терен и направила записник. Потоа случајот бил предаден на градежниот општински инспекторат, кој очигледно не напреднал.
„Сеуште не е издадено решение за отсранување, бидејќи градежен инпектор треба да излезе на терен следната недела. Верувајте, сите се многу зафатени поради проценки на штета од поплавите “, рекла Драгана Кљаиќ , од односи со јавноста.
И да е навистина така, се поставува прашањето жошто сеуште не е поставена сигнализација или било какво предупредување за возачите.
 Иако звучи малку чудно, опасноста на овие возачи им доаѓа од „небо“, а не од возилата од спротивен правец, во што можат да се уверат си

Пронајдете не на следниве мрежи: