ТРОГАТЕЛНО: Родителите на 5-те момчиња кои загинаа во сообраќајна несреќа, паѓаа во несвест по ковчезите

Томислав Савиќ (19) и Лука Бојовиќ (19), кои загинаа со уште тројца свои другари во сообраќајна несреќана обиколницата  кај Батајница, на последниот одмор ги испратија вчера повеќе од 1000 луѓе. Прво на Лешче е погребан Савиќ, а неполни 10 минути подоцна родителите, пријателите и другарите се простија и од Бојовица.Ковчегот на Савиќ го пратеше песната „Tiho noci“. Мајката Ангелина, таткото Горан и сестрата Александра не се одвојувале од ковчегот.  

Брзата помош мораше повеќепати да пружи помош на луѓето кои паѓаа во несвет. Додека попот ги опеваше, што едвај се слушаше од плачот на присутните, мајката на Томислав цело време лежела на ковчегот , а кога пријателите успеале да ја тргнат оттаму на ковчегот легнал татко му на Савиќ.

 

– Секогаш ќе бидеш со нас и во нас – рекла сестрата на Томислав во говорот за збогум, додека неговата девојка Марија рекла: „Те однесе Бог, тој бира. Чекај ме горе бидејќи повторно ќе се сретнеме,“ рече девојката додека нејзиниот говор го пресекуваа врисокот на родителите на Савиќ.

Лука Бојовиќ го испратија повеќе од стотина луѓе. Кога луѓето тргнале кон гробот на Бојовиќ, мајка му паднала во несвест, па и било пружена помош. На гробот на Бојовиќ, неговиот другар ја прочитал „Бесмртна песна“ од Мики Антиќ.
– Ако ти јават: „Умрев а ти бев драг, тогаш во тебе одеднаш нешто ќе посиви. На трепките магла. На усните траг од пепел. Дали воопшто понекогаш си полмислил што значи да живееш? Ако ти јават:  умрев еве што ќе биде…. “читаше другарот на Бојовиќ, додека сите гледаа во ковчегот на момчето. Ковчегот на Савиќ го пратеше песната „Tiho noci“. Мајката Ангелина, таткото Горан и сестрата Александра не се одвојувале од ковчегот. &

Пронајдете не на следниве мрежи: