СДСМ веќе подолг период игра на картата на пазарење со националните интереси

Во недостиг на реална економска и политичка понуда, но и доверба од граѓаните, СДСМ и нивни функционери редовно посегнуваат по прашања кои се од највисок национален интерес. Опозицискиот лидер Зоран Заев сам го отвори прашањето за официјализирање на албанскиот јазик и редефинирање на државата и на овие избори без никој да го предизвика.
При гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 неодамна, Зоран Заев најави примена на Уставот на Република Македонија за да ги исполни барањата  на Албанците за двојазичност. Заев рече дека ако било „грдо лицето на Македонецот“, тогаш не било важно што ќе изгубел македонски гласови, ќе дошле други избори.

-Јас верувам дека употребата на јазикот може да биде наша предност, а не слабост, Јас од Струмица, каде што имам 94 отсто Македонци, 5 отсто Турци и 1 отсто други етнички заедници не губам ништо, што моите граѓани Албанци граѓани ќе си го употребуваат својот јазик, рече Заев.
Првиот човек на СДСМ вели дека “сега му е мајката да ги отвориме овие теми“ и дека ако било “грдо лицето на Македонецот“ тогаш не било важно што ќе ги изгубел македонските гласови, бидејќи други избори ќе дошле.

-Некои викаат еј ало, пред избори си, ќе изгубиш македонски гласови. Па ако е грдо лицето на Македонецот, што е важно, ќе дојдат и други избори, ќе дојдат и други политичари. Сега му е мајката да ги отвориме овие теми, рече Заев.
Заев обраќајки им се на гласачите Албанци, јавно се обврза дека повторно ќе го отвора Уставот. На прашањето дали имаат намера да го сменат Уставот ако сакаат тоа да биде граѓански, Заев одговори дека не исклучува оти тоа ќе се случи.

-Ние одиме со граѓански концепт. Со соодветно време кога ќе дојде потребата прагматично за таа работа тоа ќе се случи, рече Заев.
Не може сите да бидат лоши околу нас, а ние да сме најдобрите. Ако сите се скарани со Македонија, проблемот е во Македонија. Јас сум истиот Зоран Заев, кој што ја отвори јавно употребата на јазиците во Македонија и еднаквоста и рамноправноста во државата, се последно искажаните во низата стандалозни изјави од страна на Заев, овој пат пред Албанците во Швајцарија.
Тој ја обвини македонската власт дека таа била одговорна за лошите односи на Македонија со соседите, нагласувајќи дека “проблемот е во Македонија“. Заев пред албанските иселеници отворено ја искритикува Македонија и застана во одбрана на Косово, Албанија, Грција, Бугарија и Србија. Нагласи дека не можело сите тие да не се во право, односно потенцираше дека грешката била во Македонија.
– И не може сите да бидат лоши околу нас, а ние да сме најдобрите. Ако сите се скарани со Македонија, проблемот е во Македонија, изјави Заев.
Заев и пред албанската дијаспора отворено говори за еднаквоста при употреба на јазиците, односно воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија.
-Јас сум истиот Зоран Заев, кој што ја отвори јавно употребата на јазиците во Македонија и еднаквоста и рамноправноста во државата. Јас сум истиот тој што го гледавте и по Фејсбук и по телевизии кој отвори штабови во Арачиново и Чегране. Македонија ја замислувам, ако знаеме кинекси, кинески да се разбереме, ако знаеме англиски, англиски да се разбереме, француски- француски, албански- албански, македонски- македонски, да се ослободиме, рече Заев.
Во своето обраќање Заев се осврна и на Охридскиот рамковен договор, за кој вели дека “мора да се оди преку него“ доколку сме верувале во “еднаквоста и рамноправноста“. Заев нагласи дека Рамковниот не бил доволен и требало да се напуштат рамките.
-Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21- век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, вели Заев.

Дека не станува збор за погрешно интрпретирани изјави покажува и фактот што Заев истите ставови ги повтори на неколку места. Пред настапот на ТВ 21 и оној пред албанската дијаспора во Берн, Заев во интервју за порталот НОВА ТВ на Борјан Јовановски ги најави ставовите за двојазичност.
Тој во интервју за НОВА ТВ рече дека во борбата за глас повеќе од Албанците е подготвен албанскиот јазик да стане официјален јазик во сите градови на Македонија, па дури и во Прилеп, Штип, Струмица и останатите градови каде што живеат над 90% етнички Македонци.
-Зборував за употребата на албанскиот јазик, не губам јас како граѓанин на Струмица кај што сме 94 посто Македонци. Значи една работа да се знае. Прагмата во Македонија мора да биде следена. Не губам јас ништо како Македонец, ни па граѓанинот на Штип на Скопје кој што е од македонскиот етнички корпус на граѓани. Сега му е мајката, да дефинираме каква земја ќе градиме во иднина. Ќе живееме по табуата?, рече Заев.
Лидерот на СДСМ не крие дека антимакедонската политика има единствена цел, да им се додвори на албанските гласачи, без разлика што оди на штета на македонските национални интереси.
-Сметам на албанските гласови за СДСМ, за коалицијата предводена од СДСМ, без разлика дали ние ќе имаме коалиција со албански партии или не. Јас сметам на албански гласови во овој процес на избори пред кој што сме исправени и очекувам СДСМ да добие најмногу албански гласови, па после некој друга политичка партија од албанскиот блок и имаме сите причини на светот тоа така да се случи, рече Заев.
За Борјан Јовановски не е никаков проблем ако во Валандово има двајца албанци, па истите да добиваат административни услуги на албански јазик . Факт кој сам по себе ја руши унитарноста на државата, која е уставно загарантирана:
 „Значи, ова што го велите како однос, како почит, значи, репсект кон другиот, кон некој со кој делиш општеството во кое живееше, заедно со векови сте тука. Во тоа смисла апсолутно ја подржувам интенцијата, да на пример, како албанец било каде, кога ќе се обратите во институција во Валандово, можете да добиете на албански или да се обратите на албански. Е сега , тој што работи таму незнае албански, така !?  Во еден процес во подолго време тоа неможеш да го произведеш просто преку ноќ, али за почеток треба да не е проблем ако има двајца албанци во Валандово, ако побараат на албански све што им треба да го добиваат на албански, рече Јовановски.

Тргувањето со националните интереси не е ново, но како што минува времето тоа што се става како понуда од СДСМ има се поголема тежина и носи се поголем ризик по опстојувањето на македонската држава и народ.
Ветувањата на Заев за албанскиот јазик не се од вчера. Уште во 2015-та година, при гостувањето во една косовска телевизија Заев ветуваше албански јазик во градинките, основните и средните училишта.
„Ги изгубивме изборите во 2006 поради нашето однесување, не казнија граѓаните и Албанците и Македонците. Во градинките, основните и средните училишта… Зошто ќерка ми на пример да учи турски? Ќе учи албански? За да го користи, ние сме заедно во ова општество.  Вклучување во секојдневните активности, не само во јавната администрација. Сите мора да имаат еднакви и фер шанси во иднина“, изјави Заев.
„Сега е време и сме подготвени да бидеме еднакви и да зборуваме за заеднички цели, затоа што тоа ќе се исполни како политичко барање на албанската заедница. Се плашам затоа што многу граѓани се уште зборуваат за Охридскиот рамковен договор, ние мора да зборуваме за нашите заеднички проблеми, да одиме понатаму од Охридскиот договор“, вели Заев и додава дека сите мора да имаат еднакви права и потенцира за „неискрено однесување на оваа Влада и претходните влади во однос на исполнувањето на Охридскиот договор“.
„За мојата партија со нашата програма ние мора да го смениме тоа. Како ќе изгледа, како ли ќе изгледа промената во иднина. Во нашата земја е една држава со две општества, на Македонците и на Албанците. Ние треба да изградиме една држава со едно општество“, изјави Заев во интервјуто.
За СДСМ и Заев е прифатливо и име со географска одредница во однос на грчко-македонскиот спор. Ваквата изјава Заев ја даде на трибина одржана на 3 ноември 2010 во Валандово. Општо е познат и ставот на Заев дека за името треба да се “свитка кичмата“.
– Ставот на СДСМ е многу јасен. За нас е прифатливо име со географска одредница, рече Заев.

На истата трибина Заев излезе и со изјавата дека “живи луѓе има да јадат” откако ќе дојдат на власт и дека во неговата општина вработувањата се реализираат чисто по партиска основа, со претходна одлука на кадровата комисија на СДСМ.
И кога патриотизмот е во прашање, јавноста ја памети и изјавата на Заев дека политиката на патриотизам нив не им прилега.
-Се обидовме неколку пати да играме на политики на патриотизам како партија на која не и приличи таа политика. И тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме за да бараме шанса за во иднина да не правиме вакви грешки. Од нас народот не очекува да изиграваме патриоти, ние сме државотворна партија, ние сме партија која што беше пример за мултиетничкиот соживот, ние сме партија која ја стави на стабилни нозе оваа наша земја. Така да, обидувајќи се да ќариме поени кај граѓаните играјќи на патриотски варијанти, ќе набројам неколку, законот за бранители, Струга, Кичево, не ни приличат на нас социјалдемократите. Луѓето очекуваат ние да бидеме кохезивниот сплотувачки фактор, изјави Заев во јуни 2013-та година на Алсат.
Македонците не му го забораваат на Заев и срамниот и скандалозен однос за настаните во Куманово, кога лидерот на СДСМ само ден по случувањата во Диво насеље насмеан се фотографираше со помагачите на терористите кои убија 8 македонски полицајци.
И како ова да не беше доволно, неколку месеци подоцна Заев тврдеше дека настаните во Диво насеље не биле тероризам, туку местенка.
Пазарот на Заев е многу јасен и тој тоа го најави уште во 2008 година кога јавно порача дека државата мора да ја „свитка кичмата“ за да постигне решение за името. Последниот скандал е со кој на отворена сцена се виде како Заев договарал федерализација на Македонија, а во игра е промена на знамето, на името, на химната на државата и создавање на дводомен парламент, при што претседател на државата да биде Албанец по систем на ротиција. Овие барања ги испорача албанската дијаспора на Македонија (АДМ) преку нејзиниот претседател Муса Љамалари – Тим Шкупи, со кого Заев на 13 април имаше средба во седиштето на СДСМ на „Павел Шатев“.
Од друга страна, за суштината на разговорите на посебна прес-конференција зборуваше Љамалари. Тој изјави веднаш по средбата со Заев дека нивна најголема заложба е федерализација на Македонија и дека за тоа разговарале и договарале со Заев. Истовремено потенцира дека по средбата, во координација со СДСМ, Албанците и нивните партии започнале да излегуваат на протести, што и се потврди со протестите на радикалното исламско движење Беса и ветераните на УЧК, кои маршираа низ Скопје со албански знамиња. Ова најдобро потврдува дека е паднат некаков договор Заев – Љамалари, чијашто главна цел е федерализација.
Идентично на барањата на албанската дијаспора за претседател Албанец по систем на ротација е и ставот на Љубомир Фрчковски како главен идеолог на СДСМ, кој посочи дека треба да се размислува за уставни промени и воведување на систем на ротација со претседател Албанец.
Меѓутоа тука не завршуваат континуираните пазарења на Заев со националните интереси. Јавноста ги памети и СМС пораките испраќани до лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кого Заев понизно го моли за средба бидејќи го спремале “од горе“.Опозицискиот лидер Зоран Заев сам го отвори прашањето за официјализирање на албанскиот јазик и редефинирање на државата и на овие избори без никој

Пронајдете не на следниве мрежи: