ВМРО-ДПМНЕ во сите овие 10 години имаше пред се економска влада, која беше посветена на економијата и во која членуваа најмногу економисти и најмногу реформи беа посветени за подобрување на економскиот живот на граѓаните, влада која беше посветена на отворање нови работни места за невработените од цела Македонија. На тоа бевме посветени сите, а повикав и луѓе од македонската дијаспора да помогнат како министри за инвестиции. Работевме посветено, одговорно и борејќи се за Македонија да стане поактрактивна за инвеститорите.Ова вчера го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во четвртата изборна единица Никола Груевски на митинг на Коалицијата „За подобра Македонија“ во Гевгелија.
Тој потсети дека успеале Македонија да ја направат атрактивна за правење бизнис, за странските и домашни инвеститори, и од 94 место во светот, според условите за правње бизнис стигнале на 10 место, а на петто во Европа.
– Пред нас во Европа се само Данска, Велика Британија, Шведска и Норвешка. Сите останати се зад нас, според добрите услови за правење бизнис. Наместо тоа да се поттикне и да се дадат идеи за подобро да биде во иднина, наместо опозиција која ќе ни конкурира за повеќе инвеститори, ние добивме во Македонија две и пол години опозиција која се стави на располагање на други сили, која верува дека друг ќе ги направи партија на власт, а не народот на Македонија, рече Груевски.
Покрај сите лични навреди, етикетирања, црна кампања, протести, демонстрации, како што истакна, ние останавме со ладни глава. – Да, вредеше поради тоа што и покрај се што се обидуваа да излажат, потценат, направат и сите манипулирања, народот, мнозинството од народот остана со нас, рече Груевски.
Тој укажа дека е штетна и опасна идејата на Заев за рекомпонирање на државата, за зголемена надлежност на општините и за кантонизација. Според него, тоа нам не ние потребно бидејќи имаме суверена држава која, како што рече, оди напред и економски закрепнува, со влада која се грижи за народот и прави се за да се подобри животниот стандард. Истакна дека овие избори се шанса да се стави крај на политичката криза и додаде оти е потребна победа од 63 пратеници, како гаранција дека ќе заврши политичката криза.
Потсети дека и во време на светската и економската криза, за македонските компании да преживаат со ниска камата, обезбедиле кредитни линии по 5,5 отсто, ја намалиле невработеноста од 38,7 отсто на 24.
– Изградивме и реконструиравме над 510 километри регионални патишта и над 750 километри локални патитишта. Се набавија нови вагони, патнички и товарни а со новата програма ќе се набават и дополнително патнички возови. Досега се вложија 40 милиони евра за оваа намена. Континуирано ги зголемувавме пензиите, па успеавме просечната пензија да ја зголемиме за 70 отсто, најниската пензија за 90 осто, а сега меѓу 1 и 5 декември новата пензија ќе биде за уште 5 отсто поголема, рече Груевски.
Во Гевгелија, меѓу другото, Груевски ги презентира Проектот за рурални развојни зони кој има за цел да отвори нови работни места и втората, како што рече, значајна мерка – земјоделските советници, кои ќе бидат должни да го посетат земјоделецот на нива и да му дадат совет за неговиот род. Според него, ова многу нешта ќе промени, ќе има помалку штети, загуби, а поголемо произвиодство.
Најави дека секој земјоделец ќе добие 80 осто одбивање на трошоците за воведување на системот „капка по капка“, 80 отсто и ако сточарот одлучи да набави високоприносен добиток, отворање Агропазар, гасовод во Гевгелија преку цевковод. Тој најави нови 70 илјади работни места, зголемување на социјалната помош за 50 отсто, нови 18 училишта, градинки…Ова вчера го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во четвртата изборна единица Никола Груевски на митинг на Коалицијата „За подоб