Како падна „Републиката на Канабисот“

Упадот на полицијата во албанското село Лазарат, каде мештаните буквално имале војска која ја чувала дрогата, наречена е вистинско чудо.Сомнително било како жителите на селото Лазарат имале животен стандард далеку повисок од оној на просечниот албански државјанин.
Многу луѓе посакале да одат на работа во Лазарат откако на социјалните мрежи погледнале фотографии од мештаните од селото во нивните луксузни домови, со најскапи часовници и накит, возејќи многу скапи автомобили како BMW X6, BMW M5, Audi Q7 и слично.
Во што била тајната на овој луксизен живот? Во канабисот кој жителите на Лазарат го одгледувале.

 

Минатата недела полицијата спроведе акција во селото Лазарат, при која заплениле неверојатни 11 тони канабис, а пронајдени и уништени се уште 70 000 стебла канабис. Претресени биле 30 куќи и без исклучок во сите имало одреден дел од запленетата дрога. Вредноста ан запленетиот канабис на црниот пазар би достигнала околу 40 милиони евра.
Во оваа акција биле ангажирани околу 800 полицајци и припадници ан специјалните единици. Селото Лазарат неколку дена буквално наликувало на бојно поле, бидејќи полицијата се судрила со селската војска која го бранела канабисот.

Оттука прашањето зошто не се реагирало порано кога државните органи имале сознанија дека во Лазарат се одгледува дрога? Повеќето мислат дека станува збор за политички интереси. Албанските влади од две политички партии го толерирале одгледувањето канабис.

 

Немешањето на полицијата создало слика за Лазарат дека е село на непобедливите, каде законот не допира. Еден од челните луѓе на полицијата дури и пред неколку недели го посетил Лазарат и рекол дека таму нема дрога.
Најлошото е што овој начин на заработка е доста популарен и во околните села, па така полицијата треба да се справува и со оние кои одгледуваат канабис во Влора, Шкодра, Круја, Тропоја, па и населени места во близина на Тирана и Дурес.
Властите се задоволни од акцијата во Лазарат, но сега се соочуваат со друг проблем. Приказната за Лазарат е толку популарна, што луѓето од другите албански села веќе сериозно се зафатија со офој валкан бизнис.Сомнително било како жителите на селото Лазарат имале животен стандард далеку повисок од оној на просечниот албански државјанин.

Пронајдете не на следниве мрежи: