-Нема да дозволиме никој, буквално никој да ја крои нашата судбина, никој нема да ја крои вашата судбина, судбината на Република Македонија ако за тоа вие не дадете дозвола, вие сте тие кои одлучувате, изјави носителот на листата во ИЕ 1 на коалицијата „За подобра Македонија“, Никола Попоски.-Вие и вашиот глас определува во каква Македонија ќе живееме, во какви услови и кој ќе ги носи одлуките во оваа земја. Има луѓе спротивно на ова кои се подготвени на се, кои на сопствениот збор не му даваат никаква тежина, се залагале безброј пати, се исто да направат, секогаш да имаат лична корист од тоа, без никаква грижа за последиците, ниту за било кој од нас, со такви луѓе сега се соочува Македонија, баш со такви. Тие се оние кои велат, ние сега ќе промениме, ние ќе направиме добро да биде. Замислете, овие се тие оние кои викаат ќе направеле добро за Македонија. Ве повикам да испратиме една силна порака до нив и да кажеме како стојат работите во Македонија во овој момент. Ние ќе мора да останеме заедно во оваа битка, зошто ова битка можам да ви кажам дека нема да биде лесна, нема да заврши брзо и нема да биде последна, ама од тоа како ние ќе ги поставиме работите на овие избори сега ќе знаеме многу јасно во кој правец ќе ни оди државата. И сега зависи само од нас во кој правец ќе оди државата, тоа можам да ви го гарантирам, рече Попоски.
Попоски рече дека после овој период на криза ќе се соочиме со многу неправди кои се нанесени.
-За разлика од оваа другата клапа која прави компромиси на било која тема и која е подготвена на се, ние знаеме дека доколку сме обединети, доколку сите заедно стоиме, никој ништо не ни може да ни наштети на нашите национални интереси. Многу добро знаеме исто така дека пред нас стојат многу важни работи кои треба да ги реализираме, знаеме дека во многу работи во многу сегменти можеме да направиме подобро, знаеме дека мораме да направиме подобро и знаеме дека вие тоа го заслужувате, со сигурност, затоа ќе работиме и во следниот период сите оние работи кои до сега не сме ги завршиле да бидат реализирани. Не обвинуваа од другата страна оние истите луѓе кои се подготвени се да продадат само да се дочепаат до некаква позиција или фотеља, дека сме биле криви за се, за се сме виновни ние, било што и да се случи ние сме криви, затоа што ја утнале транзицијата, испратиле многу луѓе во сиромаштија и кој е крив? Ние сме криви нормално, за маглата над Скопје ние сме криви исто така, за ланскиот снек веројатно исто ние сме криви, за нив дури и набавката на ЈСП на нови еколошки автобуси е наша кривица, знаете пошто тие ги решиле сите проблеми сега знаат да префрлаат, рече Попоски.-Вие и вашиот глас определува во каква Македонија ќе живееме, во какви услови и кој ќе ги носи одлуките во оваа земја. Има луѓе спротивно на ова ко