Низа проекти за жителите на тетовско и полошкиот регион најави носителот на шестата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев при посетата на Лешок. Како еден од најклучните проекти ја истакна регулацијата на коритото на реката Вардар во должина од 7 километри со што би биле спречени евентуални поплави.-За овој тетовски регион, како и за целиот полошки регион имаме предвидено неколку проекти. Во основното училиште во Јагуновце предвидуваме нова спортска сала, но исто така и целосна реконструкција односно нов асфалт на повеќе регионални и локални патишта, што во голема мерка ќе го олесни движењето, истакна Ѓорчев.
Во должина од 7 километри, додаде тој, ќе имаме регулација на коритото на реката Вардар, особено важен проект со кој ќе ги спречиме идните поплави, а за олеснување на работата на земјоделците тука ќе отвориме подрачна единица на Министерството за земјоделство со цел да се олесни работата на земјоделците.
-Има доста земјоделци и на тој начин ќе можеме и да ги реализираме новите дополнителни субвенции коишто ги планираме. Важно е да се истакне дека досега соодносот држава-земјоделец беше 50:50 за набавка на земјоделска механизација, а отсега државата ќе покрива 60 проценти во набавката, истото важи и за осигурувањето, досега беше 50:50, сега ќе биде 60:40. Тоа се нови позитивни новости на коишто ако ги надоврземе оние другите како пораст на минимналната и просечната плата, отворање на нови работни места и нови директни инвестиции, ќе дојде до позитивни движења во локалната економија, посочи Ѓорчев.-За овој тетовски регион, како и за целиот полошки регион имаме предвидено неколку проекти. Во основното училиште во Јагуновце предвидуваме нова сп