Она што ние го нудиме е реална програма и наш проверен концепт на изградба, проекти и решавање на проблеми. За да биде подобро, За љубов и верба кон татковината и народот, За решенија за реалните проблеми на твоето семејство, За силна економија и нови работни места. За цврсто даден збор што знаеш дека вреди. Прецизни планирани проекти направени со многу работа и труд, со конкретни рокови за реализација, рече Груевски.-И не случајно обезбедивме милијарда и 55 милиони евра за македонските земјоделци во овие 10 години. Се чуствува тоа и во Кавадарци и во Неготино и во целата тиквешија. Обезбедивме субвенции повисоки од било кога за лозарите, за овоштарите, за тутунопроизводителите, за производителите на млеко, месо, за градинарските култури, за производителите на ориз, за пчеларите. Ги легализиравме лозовите насади, дадовме под закуп околу 62 илјади хектари државно земјоделско земјиште, го намаливме ДДВ-то од 18 на 5 отсто на сточната храна, овозможивме набавка на земјоделска механизација по принцип 50-50. Ја намаливме стапката на невработеност на 24 отсто, отворивме над 160.000 нови работни места, рече Груевски.
Тој додаде дека странските директни инвестиции растеа, достигнаа 2,6 милијарди евра, капиталните инвестиции 32 отсто од БДП.
-Макроекономските параметри се стабилни, буџетот за образование зголемен за 72 отсто, бесплатно средно образование, бесплатни учебници, бесплатен превоз за студентите, обезбедивме здравствено осигурување за сите граѓани, ги намаливме цените на над 4.700 лекови, парите да останат во џебовите на граѓаните. Воведовме минимална плата и ја зголемивме, социјалната помош ја зголемивме за 70 отсто, минималната пензија се зголеми за 90 отсто, рече Груевски.-И не случајно обезбедивме милијарда и 55 милиони евра за македонските земјоделци во овие 10 години. Се чуствува тоа и во Кавадарци и во Неготино и