Заев и Радмила неколку пати губат и никако да ја сфатат пораката на граѓаните. Радмила го преживеа најголемиот пораз во историја на политиката и мува не ја лази. Шета дотерана насмеана, ветува. Тоа е она потценување на народот и доказ дека тие луѓе не може да ја сфатат лекцијата од народот. Луѓето и кажаа што мислат за нив а тие продолжија, порача денеска од Кавадарци, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 4, Никола Груевски.-Заев исто така запнал премиер да биде, им се фали на албанските политичари дека го спремале од горе, големите… а народот? Што правиме со народот? Народот гласа, каде е народот тука? Тие од горе народот не може да го спремаат….2 милион и луѓе се, двајца тројца може да се како Заев ама не може 2 милиони народ. Затоа овој пат ќе претрпат историски пораз затоа што оваа одлука не е само против нив туку и против сите кои го потценуваат народот, рече Груевски.
Еден референдум, продолжи Груевски, беше неуспешен и многумина се каеја што не излегоа, затоа што сфатија што значи тоа за државата.
-Овој пат сите ќе излезат и нема да остават простор некој да помисли дека може да си игра со државата. Овој пат сите сами зад пултот со пенкалото за рака и гласаат за тој за кој сметате дека е најдобар за вас, вашето семејство и за Македонија и не може никој ни да ве уцени ни да ве спречи, рече Груевски.-Заев исто така запнал премиер да биде, им се фали на албанските политичари дека го спремале од горе, големите… а народот? Што правиме со на