Го изрешета пријателот поради долг од 50.000 евра

Според српските медиуми, Жељко Ивановиќ од Чачак со куршуми од пиштол го уби сограѓанинот 27-годишниот Александар Маријановиќ-Саша поради долг, Гво кафеана. Целата ситуација била предвреме испланирана. Убиецот го повикал својот пријател, во кафеана за да му ги побара парите кои му ги должел. Веднаш имал план Б, ако не ги земе парите, ќе му го одземе животот. Така и се случило.
Убиецот седел со својата девојка и брат му во дворот на кафеаната, а по извесно време  им се придружил и Маријановиќ. Според  очевидците, ништо не наговестувало дека ќе дојде до кобен епилог. Прво разговарале смирено, а кога долгот станал тема, почнале гласна расправа.
Ивановиќ го извадил пиштолот од џеб и со неколку куршуми го убил својот должник.  Полицијата пристигнала многу брзо, по што почнала вистинска драма. Се заклучил во кафеаната полна со гости на кои им се заканил дека ќе ги убие со рачна бомба.
По цел час преговарања со полицијата, убиецот се предаде.
Извори за blic.rs истакнале дека тој никогаш порано ниту поседувал, ниту користел оружје.
Ивановиќ е сопственик на најголемата такси компанија во Чачак наречена „Ас такси“ во која Маријановиќ поседувал 13 возила.

Според последните информации, убиениот му должел 50.000 евра на човекот кој му го одзема животот.Целата ситуација била предвреме испланирана. Убиецот го повикал својот пријател, во кафеана за да му ги побара парите кои му ги должел. Веднаш имал

Пронајдете не на следниве мрежи: