Наградата која УЧК му ја врачи на поранешниот прв човек на Фондацијата „Отворено општество“ и најпозната соросова фигура во Македонија, Владимир Милчин, предзивика лавина од реакции на социјалните мрежи.Граѓаните коментираат за поданичкиот и понизен поглед на Милчин до косовскиот претседател Хашим Тачи. Милчин беше одликуван „за заслуги за унапредување на Албанците“, потег кој предизвика револт кај Македонците. Милчин се најде меѓу 100-те личности од Македонија кои беа одликувани, меѓу кои и лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Граѓаните коментираат дека наградата е резултат на долготрајни напори, посветеност и макотрпна работа од страна на Милчин.
Одликувањето на Милчин не е изненадување. Минатата година организираше митинг на СДСМ на кое беа декларирани ставовите кои денеска се изборна платформа на СДСМ, двојазичност и промена на Уставот. На тој митинг присуствуваа и поддржувачи и членови на косовската бригада, на УЧК, како и нескриено се истакнуваа и симболите на Голема Албанија.
За потсетување, вистинскиот организатор и на протестот, а, како што се чини, и на политичката криа во земјата, беше Владимир Милчин. Сeкако, тука беа и придружните вокали во форма на граѓански здруженија, а заедничко на сите, вклучително и СДСМ, е тоа што, всушност, сите тие „се хранат“ од џепарлакот од Сорос, според рaката на Милчин.
На митингот беше истакната и јавна поддршка за 113-та косовска бригата именувана по Исмет Јашари, чии членови и челни луѓе го предводеа упадот во Куманово една недела пред митингот. Во таа пресметка со терористите паднаа осум полициски животи. На тоа се надоврзуваат и симболите за идеите за Голема Албанија, со кои насекаде на Балканот се предизвикуваат инциденти, поткрепени и со скандирања за УЧК. Заев и СДСМ потоа ја почнаа кампањата кон албанските гласови.
Побаравме став од Фондацијата Отворено Општество- Македонија за одликувањето на Милчин, но од таму само кусо ни одговорија дека Милчин веќе година и повеќе не е извршен директор на ФООМ, а за повеќе детали прашања да испратиме на официјалната и-мејл адреса. По писмен пат прашавме колку Фондацијата е горда на наградата која УЧК му ја додели на Владимир Милчин, но повеќе од еден час, до моментот на објавување на текстот, одговор не добивме. Фондацијата која промовира отвореност и транспарентност не кажува ни збор за одликувањето на Милчин.
Инаку, во своето обраќање, Хашим Тачи ја оцени Ослободителната војска на Косово (УЧК) како најважен национален проект и „најуспешна политичко-воена организација на 20. век“. Тоа, посочува Тачи пред присутните, „не би било возможно без вас, вашата жртва и братска помош“.
– Денешната церемонија е знак на благодарност кон борците и војниците кои ги дадоа животите во правичните битки на ОВК, за оние кои се бореа и кои пружиле отпор во нејзините редови- додаде Тачи, кој изрази благодарност на политичките активисти кои на време имале потребна визија, смисла и подготвеност да се ориентираат кон заштита на албанските национални интереси.Граѓаните коментираат за поданичкиот и понизен поглед на Милчин до косовскиот претседател Хашим Тачи. Милчин беше одликуван „за заслуги