Во тревникот пред зградата се појавиле мистериозни кругови

Станарите од зградата пред која се наоѓа паркот со круговите и случајните минувачи постојано го фотографираат овој феномен.Овие кругови се појавиле во тревникот пред една зграда во населбата Лазарово во Република Српска. Станува збор за кругови од трева за нијанса потемна од останатата на тревникот, и истите се прекриени со мали печурки.
Еден од станарите вели дека круговите се појавиле веднаш по изградбата на зградата. Друг пак, вели дека иако живее подалеку од местото, дошол да види што се случува, и изрази загриженост дека никој од надлежните не доаѓа да го испита феноменот.

 
Постарите жители на Лазарово пак велат дека станува збор за т.н. „вилински кругови“ кои настануваат поради печурките кои во потрага по храна моѓе да се рашират и во дијаметар до 10 метри. Круговите лесно се забележуваат поради изумрената трева, односно трева со темно-зелена боја, и претежно се формираат во шумските предели.
И мештаните од Челинац исто така неодамна забележале вакви кругови кои буквално ги прекриле нивните ниви. Сепак, биолозите од Природно-математичкиот факултет во Република Српска велат дека до сега не виделе такви кругови, па затоа не можат да го изнесат своето мислење за нив и да реагираат соодветно.Овие кругови се појавиле во тревникот пред една зграда во населбата Лазарово во Република Српска. Станува збор за кругови од трева

Пронајдете не на следниве мрежи: